10:55 - 12 март, 2026

Нина Бадриќ се присети на својот прв настап: Бевме само јас и келнерот, не ми платија

Во неодамнешен разговор за „Ин магазин“, хрватската пејачка Нина Бадриќ се присети на почетоците на својата кариера.

Кога имала 18 години, таа одлучила дека ќе се занимава со пеење. Тврди дека за првиот професионален настап не била ниту платена.

„Првиот професионален настап го имав, тоа добро го помнам, во Омишал на Крк, каде што на настапот беа само келнерот и јас. Тоа беше мојот прв професионален настап за кој, се разбира, не добив пари, бидејќи сопственикот на клубот рече дека никој не дошол и дека нема причина да ми плати. Јас му реков дека нема проблем, бидејќи никој сè уште не знае за мене, но за неколку години ќе слушнете кој сум јас“, раскажа 52-годишната пејачка.

„Се присетуваш од каде си тргнал, на таа борба, на сè што те дочекало на тој пат. Но, како што вели Елтон Џон – I’m still standing. Најважно е тоа што во мене има уште многу песни и многу музика“, додаде таа.

Слични објави

Весна Петрушевска со емотивна објава и поддршка за Димитар Андоновски

msp-admin

Емотивен момент: Марија Шерифовиќ запеа со момче со Даунов синдром

msp-admin

Ужасни детали од несреќата во која загина братот на Дарко Лазиќ: Возачот на автомобилот кој го удрил е приведен

Еспресо

Хороскоп за 12 март: Скорпиите ќе бидат нервозни, Водолиите ќе започнат нов бизнис

Еспресо

ВИДЕО | Јадев по 100 ќебапи на оброк и неколку кременадли: Пејачот Бојан Стојков ослабе 20 килограми

apostolova

Негативните мисли буквално го уништуваат нашиот мозок: Познат психијатар објаснува како да го прекинете тој круг

Еспресо
Се вчитува....