13.8 C
Скопје
13:45 - 17 март, 2026

Никол Кидман: Никогаш не реков „Не“ за секс-сцени! (ФОТО)

Никол Кидман (53) има актерска кариера која трае со децении, во најразлични жанрови толкуваше секакви улоги. Некои од улогите на ѕвездата вклучуваа и голотија како и сексуални сцени, а најзабележителни беа во филмот на Стенли Кјубрик „Eyes Wide Shut“.

Во еротскиот трилер, објавен во 1999 година, ја видовме Никол во целосни голи сцени, со тогашниот сопруг Том Круз.

Никол во интервју за „New York Times“ проговори за голотијата на екран, објаснувајќи го уметничкиот приказ на камера.

„Тој едноставно рече „Ќе сакам целосна фронтална голотија“, а јас на тоа одговорив – Ахх, не знам. Но, дојдовме до одличен договор. Тој ми ги прикажуваше сцените со голотија пред тие да влезат во филмот. Само така можев да се чувствувам безбедна“, додава Кидман.

„Не реков „не“ на ништо. Сакав да се осигурам дека нема да стојам гола таму и сите да ми се смеат“, вели таа.

https://www.instagram.com/p/B8Mq9EMpD6v/

Актерката сподели дека секогаш се чувствувала „заштитена“ на снимање и дека може самоуверено да ги истражи сите аспекти на улогата без да го загрози чинот на раскажување.

Најновата улога на Никол во минисеријата на „HBO“ – „The Undoing“ исто така содржи љубовни сцени. Станува збор за серија базирана на романот „You Should Have Known“ од Жан Ханф Корелитц од 2014 година, кој повторно ја обединува Никол со нејзиниот соработник Дејвид Е. Кели од серијата „The Big Little Lies“.

Слични објави

Едита за односот со таткото на нејзиното дете: „И двајцата знаевме каде води нашата врска, сега внимавам двојно повеќе“

Еспресо

(Фото) Водителката Ведрана како разголен модел, изгледа многу секси

apostolova

Првата сопруга на Горан Ратковиќ Рале откри детали за неговите афери и врската со Индира Радиќ

Еспресо

Слаткар се стопи, раперот здраво живее и многу ослабе

msp-admin

(Фото) Коки Јанков како градежник: Од темели до кров

msp-admin

Тие му се единствената утеха по смртта на брат му: Дарко Лазиќ со нова емотивна објава

msp-admin
Се вчитува....