7.8 C
Скопје
16:51 - 18 декември, 2024

Ник Кејв и„Бед Сидс“ пристигнуваат на ЕГЗИТ 2022

Големиот Ник Кејв и неговите „Бед Сидс“ се првите потврдени хедлајнери на 21 издание на ЕГЗИТ фестивалот, кој ќе биде одржан од 7 до 10 јули 2022 година. Еден од најоригиналните и највлијателните бендови на светот, предводен од неуништливиот рок проповедник ќе згрми на главната бина на фестивалот во петок, 8 јули и, по незаборавниот настап на групата „Кјур“ (The Cure), ќе ја продолжи низата гостувања на историските гитарски имиња на Егзит. Нивните настапи, интензивни и гласни, наполнети со силни емоции и харизма секогаш се повеќе од обичен концерт, а честопати повеќе и од самата музика, што ги прави идеални хедлајнери за почеток на новата ера на двократниот европски фестивалски шампион. Продажбата на еднодневните влезници за 8 јули, кога настапува Ник Кејв, почнува денеска!

„Со овогодишното историско издание, со кое започна враќањето на големите фестивали на светската сцена, ЕГЗИТ покажа дека силата на единството и волјата е посилна и од најголемите препреки кои можеа да не раздвојат и оваа година. Исто така, докажавме дека постои начин големите фестивали безбедно да се организираат, дури и за време на пандемијата. И додека приказната за чудото кое се случи на нашата магична тврдина и понатаму го обиколува светот, со голем оптимизам гледаме кон 2022, кога Нови Сад ќе биде европска престолнина на културата, што е успех кој на нашиот град му го донесе токму тимот на Егзит. Веруваме дека нема подобар начин да го најавиме ваквото значајно издание, отколку со еден од најголемите рокенрол уметници на сите времиња“, рече основачот и директор на ЕГЗИТ фестивалот Душан Ковачевиќ.

Биографијата на Ник Кејв (Nick Cave) би му дала доволно „гориво“ и на обичен уметник, а камоли на еден од најголемите рок-поети во историјата. По речиси 50 години кариера, започната уште во далечната 1973 со основањето на бендот „Д Бојс Некст Дор“ (The Boys Next Door), Ник Кејв важи за олицетворените на рокенролот, личност која длабоко влијаеше на историјата на популарната култура и нејзините најголеми достигнувања. Музички образован и талентиран, Ник отсекогаш сакал да се занимава со рок музиката, бидејќи, како што вели, таа е револуционерна и има моќ да ги промени луѓето. Според неговото признание, на самиот почеток големо влијание врз неговата работа имале американските рокери, како и британскиот бенд „Џетро Тал“ (Jethro Tull), што му помогнало да го развие препознатливиот личен стил, кој низ годините се менуваше, како во звукот, така и во пристапот кон пишување песни.

Со „Бед Сидс“ (The Bad Seeds) се спои во 1983, по распадот на култните „Брдеј парти“ (The Birthday Party), и ја создадоа, според написите во медиумите, една од најзначајните појави во ерата на пост-панк и алтернативен рок, од 80-тите до денес. Низ речиси четири децении работа, групата објави 17 студиски албуми, а тешко е да се одреди кој од нив имаше поголемо влијание. Фуриозните 80-ти и 90-ти беа обележани со исклучителните изданија како „From Her To Eternity“, „Good Son“, „Henry’s Dream“ и „Let Love In“, брилијантно заокружени со најдобриот албум во живо од тоа време, „Live Seeds“ од 1993 година. Комерцијалниот успех и своевидната пресвртница ги означи „Murder Ballads“, прилично крвава збирка песни и нивното најпродавано издание до денеска. Веќе следниот чекор го покажа целиот раскош на огромниот талент на Кејв во најмирната, но и најемотивната песнарка дотогаш – „The Boatman’s Call“.

Следните албуми, не помалку генијалните „No More Shall We Part“, „Nocturama“ и „Abattoir Blues / The Lyre of Orpheus“ донесоа, меѓу другото, и раскинување со двајца влијателни членови на бендот, Мик Харви и Бликса Баргелд, по што, како главен соработник на Кејв се истакна мултиинструменталистот Ворен Елис, со кој го покренаа и бендот „Грајндермен“ (Grinderman), и минатата година го реализираа одличниот проект „Carnage“. Последната и сѐ уште актуелна фаза во работата на бендот почна пред 15 години и резултираше со четири апсолутни ремек-дела од кои секое освои нови креативни врвови: „Dig, Lazarus, Dig!!!“, „Push The Sky Away“, „Skeleton Tree“ и двојниот „Ghosteen“ од 2019.

Петроварадинската тврдина двапати го виде Ник Кејв. Првиот пат во 2011 со „Грајндермен“, и во 2013 со „Бед Сидс“, а и двата пати, преку моќна и гласна свирка, покажувајќи ја нераскинливата врска која ја има со фановите од овие простори. Во регионот има настапено повеќе од десет пати, а на 8 јули 2022 се враќа како прв хедлајнер на Егзит, чија прослава на 20-годишнината и фактот дека беше првиот голем европски фестивал ова лето, се едни од најважните музички вести во 2021 година.

Од денес во продажба еднодневите влезници за Ник Кејв!

Четиридневни влезници – Регистрацијата за најповолните четиридневни влезници за ЕГЗИТ фестивал, е отворена само до 18 август! Сите кои сакаат да ја обезбедат својата четиридневна влезница по подарок цена од само 3.400 денари (над 50 % попуст) имаат можност да се регистрираат најдоцна до 18 август 2021 на овој линк. Сите регистрирани купувачи на и-мејл ќе добијат линк преку кој онлајн ги купуваат влезниците.

Еднодневни влезници – Продажбата на еднодневните влезници за петок, 8 јули, кога настапува Ник Кејв, почнува денеска! Фановите ќе можат да бираат помеѓу три вида еднодневни влезници, по подарок цени (над 40% попуст) изразени во српски динари: регуларни влезници по цена од 2.590 динари, фан пит по цена од 3.990 динари и ВИП по цена од 12.000 динари. Овие влезници може да се купат од денеска исклучиво онлајн на страниците на Гигстикс, за залихите по овие цени се исклучително ограничени.

Од 3 септември 2021 почнува редовната продажба на еднодневните и четиридневните влезници за ЕГЗИТ фестивал 2022, на официјалниот фестивалски сајт,

Слични објави

(Видео) Светлечки ирваси и „ледена“ завеса: Домот на Карлеуша секогаш е еден од најубаво украсените

Еспресо

„Таа сега е со штрафови во нозете“: Жељко Јоксимовиќ откри детали за состојбата на Лепа Брена по несреќата на концертот

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ во шок! До телефонот ставиja детектор за зрачење и предупредија на голема опасност

Еспресо

(Фото+видео) Луксуз на дело: Цеца Ражнатовиќ дојде со торба од 30.000 евра на прославата на Жељко Јоксимовиќ

Еспресо

Том Круз ја доби највисоката награда на американската морнарица за улогите во воени филмови

Еспресо

Скандал во шоуто на Амиџиќ: Дарко Лазиќ почна да ја фали бившата, Катарина побледе од срам!

Еспресо
Се вчитува....