3.8 C
Скопје
20:08 - 20 декември, 2024

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП: Љубовни разочарувања, паузи, неизвесност

Дознајте што ве очекува во текот на оваа недела и на што треба да обрнете повеќе внимание, според хороскопскиот знак.

ОВЕН

Оваа недела немате никаква причина за загриженост. На љубовен план имате силни емоции и многу страсти. Имате и доволно енергија, па нема да имате проблеми ниту со работата, ниту со здравјето.

БИК

Работната ситуација се стабилизира. Во поглед на љубовта сте исполнети со убави чувства. Но, внимавајте на исхраната, бидејќи во овој период сте склони кон јадење, а со тоа и кон вишок килограми.

БЛИЗНАЦИ

Што и да започнете, ви се чини дека ви оди од рака. Ќе се сретнете со личност од минатото која ви буди убави чувства, но обидете се да не ја повредите сегашната љубов. Склони сте кон алергии, но и кон несакани емоции.

РАК

Овој период вашиот фокус е на работата и на парите. Имате поволни околности. Можете да бидете целосно сигурни во љубовта на вашиот партнер. Имате мали проблеми со респираторниот систем.

ЛАВ

На работа ве чекаат многу успеси еден по друг, нештата се онакви какви што сакате да бидат. Не сте сосема задоволни од љубовната ситуација. Имате чести главоболки, очен притисок, но и емотивни изливи.

ДЕВИЦА

Нема да ви биде лесно да реализирате сè што сте замислиле. На емотивен план, сакате новата врска да биде што потајна на почеток. Имате недостаток на енергија и многу сте изморени, а ве мачи и низок притисок.

ВАГА

Во следниот период ќе разговарате на важни теми и ќе завршите одговорна задача. Ќе се запознаете со некоја нова личност. Здравјето општо ви е добро, па поради тоа сте и многу релаксирани и безгрижни.

СКОРПИЈА

Овој период е важен за деловно напредување. Очекувате убави вести за нова работа. Врската ви е релативно стабилна. Здравјето ви е добро, но морате да внимавате на ‘рбетот и на зглобовите.

СТРЕЛЕЦ

Едно патување ќе ви донесе многу позитивни промени на работа. Во љубовта, одамна сакате да запознаете една личност, а сега конечно имате и прилика за тоа. Имате вишок енергија, бидете физички активни.

ЈАРЕЦ

Во следниот период ќе имате подобрување на финансиско поле. Кога е љубовта во прашање, среќни сте што имате стабилна и искрена врска. Но, морате да внимавате на внесот на течности, за да избегнете уринарни проблеми.

ВОДОЛИЈА

Задоволни сте од соработката на деловно поле. Имате поддршка и од саканата личност за сè што ви паѓа на памет. Чувствувате постојан замор и недостаток на енергија, најдете време за да се одморите.

РИБИ

Ве очекува период во кој лесно ќе ги завршувате сите обврски. Тоа ќе остави одличен впечаток кај другите. Љубовта ви е стабилна и нема големи промени. Здравјето е добро, внимавајте на настинки.

НЕ МОЖЕТЕ ПРОТИВ НИВ: Ова се НАЈТВРДОГЛАВИТЕ хороскопски знаци

Слични објави

(Фото) Деколтето во преден план: Данијела Димитровска „пука“ од сексапил во целосно бела комбинација

Еспресо

(Фото) Чантата на Јелена Томашевиќ вреди колку зимување на Копаоник: Сите зборуваат за ова модно парче

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ ужива за сите пари: Чаша бело вино и нереална глетка на убава дестинација

Еспресо

По раскинувањето со Зоран Марјановиќ, Инди откри валкани детали за поранешниот: „Манипулатор кој ми го испра мозокот“

Еспресо

Оваа земја ќе биде засекогаш исфрлена од Евровизија? Има една причина

Еспресо

Разоткриен просекот на оценките на Јована Јеремиќ од факултет: Сакам да ги нервирам квазиинтелектуалците

Еспресо
Се вчитува....