2.8 C
Скопје
17:21 - 22 декември, 2024

НЕ МОЖЕ ДА СВИРИ, НО СÈ УШТЕ МОЖЕ ДА ПЕЕ: Фил Колинс со нарушено здравје одржа концерт на „Genesis“ пеејќи седнат на стол

Фил Колинс го одржа концертот на „Genesis“ пеејќи седејќи на столче на бина, додека се бори со континуираното лошо здравје.

70-годишната музичката легенда моментално е на турнеја со „Genesis“, а вистинскиот професионалец каков што е, е решен да продолжи и покрај тоа што се бори со здравствени проблеми.

Настапот во арената „Little Caesars“ во Детроит, Мичиген беше дел од нивната низа концерти на последната закажана турнеја „the last domino?“, a Фил и неговите колеги членови на „Genesis“ ги изведоа нивните хитови и класици, вклучувајќи ги „In The Air Tonight“ и „Land of Confusion“.

Фил Колинс Џенезис
Фото: Profimedia

Додека Фил повеќе не може да свири на тапани, неговиот глас е силен како и секогаш, а фановите беа почестени со неговото неверојатно присуство на сцената и покрај тоа што пејачот остана да седи во текот на настапот.

Не е прв пат музичарот да ги игнорира минатите здравствени тешкотии за да настапи на оваа турнеја. Хитмејкерите ја донесоа својата турнеја во Глазгов во октомври, каде што Фил, исто така, остана да седи додека ги изведуваше класичните хитови на бендот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bill Nyerges (@billnyerges)

Британската група ја започна својата турнеја, која може да биде последна на бендот, во октомври оваа година. Почнувајќи од Бирмингем, бендот беше на турнеја низ Обединетото Кралство пред да се префрли во САД на 21-дневен престој кој ќе заврши во декември.

Сепак, турнејата претходно беше одложена, откако неколку членови на бендот беа позитивни на Ковид-19, а „Genesis“ објави соопштение во кое признава дека тоа е „развој на настаните кој претставува огромно разочарување за бендот кој е уништен од овој несреќен тек на настаните.

„Тие мразат што мора да ги преземат овие чекори, но безбедноста на публиката и екипажот на турнеите треба да имаат приоритет.“

Сега повторно на турнеја, музичкиот гениј кој го создаде саундтракот на Дизни, Тарзан, продолжи да ја воодушевува публиката низ Англија и САД.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Telma de Souza (@telmaadesouza)

Фил претходно потврди дека тоа најверојатно ќе биде неговата последна турнеја бидејќи продолжува да се бори со здравствени проблеми.

„Оваа англиска и американска турнеја, тоа ќе ми биде доволно“, одговори Фил на прашањето за повеќе датуми во 2022 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Matt Myers (@thatmattmyers)

Сепак, клавијатуристот Тони беше цитиран изјавувајќи како е сè уште неизвесно дали ова сепак ќе е нивна последна турнеја.

„Мислам дека зависи малку како ќе оди. Како Фил се спротивставува на сето тоа. Како публиката го прима и како сите ние се чувствуваме за тоа, навистина.

Синот на Фил, Ник Колинс, го презеде свирењето на тапаните за неговиот татко на турнејата.

Слични објави

(Фото) Сув луксуз: Петар Грашо вложил 160.000 евра во станот на планина

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ без трошка шминка и во лежерно издание! По славата на мајка си веднаш се врати во Севиља

Еспресо

(Фото) Потресна објава на Милиќ Вукашиновиќ: По ампутацијата на ногата, умирам од болки, дома е хорор

Еспресо

(Фото) Тежок луксуз, облечена во десетици илјади евра: Џина Џиновиќ во Монте Карло рамо до рамо со најбогатите

Еспресо

Хороскоп за 22 декември: Бикот да го направи првиот потег, Скорпијата ја чека изненадување, а вие?

Еспресо

Луна и Марко открија колку заработуваат од Јутјуб: „Доволно за еден луксузен стан во Белград!“

Еспресо
Се вчитува....