12:00 - 9 јануари, 2026

Не издржаа долго – Бремената принцеза Евгенија и нејзиниот сопруг се иселија од резиденцијата на принцот Хари и Меган Маркл

Внуката на кралицата Елизабета изгледа не сака повеќе да живее во поранешниот дом на војводата и војвотката од Сасекс…

Бремената принцеза Евгенија, внуката на британската кралица Елизабета со својот сопруг Џек Бруксбанк ја напуштија поранешната британска резиденција на принцот Хари и Меган Маркл по само шест недели откако се вселија во неа.

Парот се врати во својот поранешен дом во Кесингтонската палата, пишува „Daily Mirror“. Од палатата одбија да ги коментираат наводите, но претставникот за односи со јавноста од Сасекс потврди дека принцезата и Џек се отселиле.

Фото: Профимедиа

„Frogmore Cottage“ е резиденција во Виндзор која принцот Хари и Меган Маркл ја добија од кралицата како свадбен подарок, а за реновирање на домот со пет соби тие потрошија околу 2,3 милиони фунти од даночните обврзници.

Војводата и војвотката од Сасекс својот долг кон даночните обврзници го исплатија на почетокот на септември, а ги обновија сите електрични инсталации, започнувајќи од греењето до преуредување на бањата и собата за јога.

И покрај фактот што тие се одрекоа од кралските должности и започнаа самостоен живот најпрвин во Канада, па сега во Америка, оваа резиденција се уште се води како нивен имот.

Фото: Профимедиа

„Принцезата Евгенија и нејзиниот сопруг склопија приватен договор со војводите од Сасекс и на почетокот на ноември официјално се вселија во платата „Frogmore Cottage“. Имотот изгледаше како идеално место за семејство кое чека принова“, пишува The Sun.

Принцезата и Џек ќе станат родители на крајот на пролетта 2021 година.„

„Frogmore“ е прилагоден според вкусот на Меган и Хари, имајќи го на ум нивниот син Арчи, така што е совршено место за пар кој допрва треба да одгледа дете“, изјави изворот за „The Sun“.

Фото: Профимедиа

Во близина на имотот живеат и родителите на принцезата Евгенија, принцот Ендру и Сара Фергусон, како и кралицата Елизабета и принцот Филип кои во моментот се наоѓаат во дворецот Виндзор.

Слични објави

(Видео) Дарко Лазиќ повторно шокираше: Пејачот врза санки за автомобилот, па ги влечеше децата

Еспресо

Ова е сестрата на Панчо, нејзината посвета за покојниот брат ќе ве расплаче

msp-admin

Нада Топчагиќ откри како живее на планина: „Јас сум ѕвезда, а морам да одам во шума за да собирам дрва“

Еспресо

Откачете се: Голема животна промена кај Искра Канзурова

msp-admin

(Фото) Еве како семејството Дивац го прослави Божиќ во Лос Анџелес: На масата погача, реагираше и Новак Ѓоковиќ

Еспресо

(Фото) Оваа убавица е ќерката на Олгица Христовска, посебна радост за Каја

apostolova
Се вчитува....