11:00 - 31 март, 2026

„Направивме глупава грешка“ – Џорџ Клуни откри поради што тој и Амал сега имаат проблем со децата

Џорџ Клуни се пошегува изјавувајќи дека тој и неговата сопруга Амал направиле „глупава“ грешка во одгледувањето на своите тригодишни близнаци Александар и Ела.

За време на гостувањето во емисијата „Jimmy Kimmel Live!“ Клуни откри дека неговите деца, и покрај годините, знаат многу добро италијански јазик. Но, тој и Амал не знаат италијански.

„Направивме глупава грешка да говорат италијански јазик. Притоа мислам на тоа дека тие говорат течно на три години. Јас не говорам италијански, мојата жена не говори, па така ние им дадовме „тешко оружје“ во рацете“, изјави актерот.

Тој додаде дека поради тоа имаат проблеми со задачите како и со чистењето на собата.

Фото: Профимедиа

„Јас им велам да одат и да ја исчистат собата, а тие ми одговараат „Ех, папа стронзо“, раскажа актерот и се пошегува дека тој е од Кентаки, па и на него англискиот јазик му е втор јазик.

Тој откри дека за време на пандемијата му се променил животот па морал сам да ги обавува домашните задачи како што е перењето алишта, чистењето на подот и садовите.

На прашањето на Кимел дали во тие задачи бил успешен, тој одговори:

„Веројатно не, но барем некое време бев вработен. И не влегував во собата во која беа двете деца кои зборуваат италијански“.

Слични објави

(Фото) Мис Емилија Розман се пофали со бујното деколте: Машала!

msp-admin

(Фото) Ханка Палдум блесна во Загреб, ноќ полна со емоции за Тома Здравковиќ

apostolova

(Фото) Уникатен дар за мајка си од Лора: Ќерката на Турунџиева направи нешто посебно

msp-admin

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо
Се вчитува....