20:52 - 12 ноември, 2026

НАОМИ КЕМБЕЛ ПРВ ПАТ ЈАВНО ЗБОРУВАШЕ ЗА ЌЕРКА Ѝ: „Имам дете од соништата“

наоми кембел

Супер моделот Наоми Кембел за првпат јавно проговори за мајчинството. Во интервју за „Би-Би-Си“, таа рече дека е среќна и опиша како е нејзината ќерка.

„Навистина сум среќна. Мислам дека имам дете од соништата”, вели 51-годишната Наоми.

„Таа е прекрасна. Веќе е многу независна, паметна и внимателна, спие 12 часа. Таа е добра девојка”, додава манекенката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Naomi Campbell (@naomi)

Новинарот ја праша дали планира да ги всади во својата ќерка вредностите на силна независна жена, на што Наоми одговори потврдно.

Патем, Наоми е многу таинствена за нејзината ќерка. Досега, таа не зборувала за неа, ниту објавувала фотографии на социјалните мрежи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Naomi Campbell (@naomi)

Наоми во мај годинава објави дека стана мајка и го изненади светот со оваа вест.

„Овој мал благослов ме избра да ѝ бидам мајка. Чест ми е што ја имам оваа нежна душа во мојот живот. Нема зборови со кои можам да ја опишам врската што сега ја споделувам со тебе, мој ангеле. Нема поголема љубов”, напиша Наоми до фотографија на која држи нозете на новородено девојче.

Слични објави

„Покрај сопругата имам и љубовница“: Миле Китиќ јавно призна дека ја изневерува сопругата Марта Савиќ

Еспресо

(Фото) На синот на Вељко Ражнатовиќ во градинка му облекле здолниште – боксерот бесен реагираше: „Нема спас ни во малите места“

Еспресо

(Фото) „Ти недостасува внимание, мајсторе?“: Мина Костиќ жестоко му одговори на Ѓорѓе Давид откако тој го нарече Каспер дух!

Еспресо

(Фото) „Продолжуваме со нови песни и убави моменти!“ — Благоја Грујовски доби големо признание, честитки пристигнуваат од сите страни

К.С.

Зоран Бирташевиќ од соработката со ЈК заработил 555.000 евра последните три години, а Карлеуша 2,5 милиони

Еспресо

„Не можев да посакам подобро“: Ела Дворник објави снимка со својата ќерка и откри убави вести

Еспресо
Се вчитува....