7.8 C
Скопје
22:23 - 31 март, 2026

„Не“ за Карлеуша, можно „да“ за Ламбе на „Тиквешки гроздобер“: Јанчев го слуша гласот на народот

Познатата поп- балканска ѕвезда Јелена Карлеуша требаше да настапи на манифестацијата „Тиквешки гроздобер“ заедно со останатите изведувачи, но градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, го слушна гласот на народот и го откажа нејзиниот настап.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by JELENA KARLEUSA (@karleusasuar)

„По објавената музичка програма наидовме на голем број негативни коментари и негодувања за музичката ѕвезда Јелена Карлеуша која е предвидена за настап на 11 ти септември како главна музичка атракција за овогодинешниот гроздобер. Нам секогаш ни е најважно вашето мислење, драги кавадарчани. Па затоа настапот на оваа музичка ѕвезда е откажан, а во моментот се преговара со останати музички ѕвезди со кои можеме да го договориме дадениот датум.
Кавадарци за сите. И оваа година да создадеме убава и поинаква гроздоберска приказна“, стои во официјалното соопштение на градоначалникот Митко Јанчев кое беше објавено на социјалните мрежи

„Деновиве сме во размислување кој пејач да дојде на нејзиниот место, бидејќи, сепак, концертот беше планиран за главната вечер. Можно е да е некој од балканот, а можно е и да настапи некој од Македонија. Можно е да биде Ламбе, Каролина и Калиопи, размислуваме за нив. Но, засега ништо не се знае. Деновиве има време да се одлучи, па најверојатно во понеделник би се знаело“, изјавил Јанчев за порталот ММС.

Алабаковски повеќе не е во домашен притвор и одземен му е само пасошот како главен осомничен  за подметнување на пожарот во Културниот центар Ванчо Михајлов во Битола, а според полицијата Алабаковски го признал делото.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....