3.8 C
Скопје
17:20 - 24 ноември, 2024

НАЈУБАВАТА ЉУБОВНА ПРИКАЗНА ВО ХОЛИВУД: Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс се посреќни од кога било

рајан рејнолдс, блејк лајвли

Се запознале во 2010 година, но Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс првпат беа видени во јавноста дури една година подоцна, и тоа на двоен состанок. Излегле во пар со други луѓе, но меѓу нив веднаш се почувствувале љубовните искри. Нивната врска ја крунисаа со брак во 2012 година, по што во интервал од неколку години пристигнаа нивните три ќерки.

(ФОТО) АКТЕРКАТА БЛЕЈК ЛАЈВЛИ ГО ЛАНСИРАШЕ БРЕНДОТ „BETTY BUZZ“: Името е емотивна посвета!

Тие се еден од најубавите холивудски парови и следната година ќе одбележат 10-годишнина од нивниот брак. Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс се запознале на снимањето на филмот „Green Lantern“ во 2010 година. Иако филмот доби катастрофални критики и финансиски неисплатлив проект, во нивниот случај се покажа како добитна комбинација.

рајан рејнолдс, блејк лајвли
Фото: EPA/JULIEN WARNAND

Веднаш почувствувале симпатии и наклонетост еден кон друг, но нивната врска била исклучиво платонска. Барем во тоа време, бидејќи само неколку месеци претходно, актерот се раздели со актерката Скарлет Јохансон, а Блејк штотуку ја прекинала врската со колегата од хит серијата „Gossip Girl“, Пен Бедгли.

Потоа се случил двојниот состанок, во кој Блејк и Рајан излегле со други, но љубовните искри меѓу нив биле толку силни што повеќе не можеле да го кријат тоа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Biba Magazine (@bibamagazine)

Самиот Рајан во една прилика зборуваше за тоа, велејќи: „Бевме на двоен состанок, јас бев во друштво на една девојка, а Блејк со друг маж“. Но, вечерта не завршила како што планирале нивните партнери. „Мислам дека сето тоа им изгледаше прилично чудно бидејќи меѓу нас летаа искри, така што беше чуден прв состанок за нас“, изјави тој и потоа даде неколку детали:

„Бевме во еден мал ресторан во Трибека, кој се отвора доста доцна, почна една песна и ја прашав дали сака да танцува. Немаше никој, улицата беше празна. Тоа беше еден од оние моменти кога знаеш дека си ја „преминал линијата“ и после тоа отидов кај неа“.

рајан рејнолдс, блејк лајвли
Фото: EPA/RON SACHS/

Како што подоцна раскажа, Блејк имала состанок во Бостон, исто како и тој, ѝ предложил да патуваат заедно. „Одевме заедно со воз и ја молев да спие со мене“, во една прилика раскажа Рајан во негов стил, а потоа изјавата ја „зачини“ откривајќи како ја освоил: „Користев солзи. Силно ги стиснав очите за да почнат да се расплачам, а потоа и кажав тажна приказна за мојот живот“, се пошегува актерот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ryan Reynolds (@vancityreynolds)

Но, хуморот не е она на што „паднала“ Блејк, туку на „сè комплетно“, а нивната врска набрзо прераснала од пријателство во голема љубов која резултираше со склучување брак на 9 септември 2012 година со венчавка во Јужна Каролина која ја чуваа во строга тајна. Две години подоцна, на 16 декември 2014 година, го добија своето прво дете, ќерката на која ѝ дадоа необично име – Џејмс, а потоа на 30 септември 2016 година пристигна Инез.

рајан рејнолдс, блејк лајвли
Фото: EPA-EFE/PETER FOLEY

Сè во врска со приватниот живот вешто го чуваат настрана од љубопитната јавност, па не е изненадување што сите беа шокирани кога Рајан пристигна на премиерата на неговиот филм „Pokémon Detective Pikachu“ со убавата Блејк облечена во тесен жолт фустан, кој истакна нејзиниот поголем труднички стомак. Дека актерката се породила Рејнолдс потврди дури две недели откако започнаа гласините, но тогаш тие не го открија полот или името на детето.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Blake Lively (@blakelively)

А како убавата актерка ги усогласува деловните и приватните односи, откри во едно интервју за „Vanity Fair“, признавајќи дека за да добие сè, станува околу 5 часот наутро. Тренингот го прави во текот на денот, но не сама. Имено, бидејќи нејзините девојчиња не ѝ даваат ни минута одмор, и тие учествувале и во вежбите, па Блејк се пошегува дека ги „користи“ како тегови бидејќи, како што вели, висат по неа.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Blake Lively (@blakelively)

„Како изгледа мојот просечен ден на снимање? Станувам околу 5 часот наутро и го правам тоа дури и кога сум само мајка на моите девојчиња. Појадувам со нив, се дружам со нив, вежбам со нив. Не можам да станам порано, не сум Двејн Рок Џонсон. Ми треба сон“, рече таа и додаде: „Станувам и вежбам со нив, на некој начин ги користам како тегови. Наместо да кревам големи тежини, ги кревам нив“.

А покрај љубовта и трите девојки, кои ги поврзуваат засекогаш, Блејк и Рајан делат уште една страст – добриот хумор и бројните шеги што си ги приредуваат еден на друг за да ја одржат страста. Веќе на сите им се добро познати неговите објави на социјалните мрежи, на кои актерот на својата сакана ѝ го честита роденденот со фотографии на кои тој, како и обично, изгледа совршено додека таа на сите изгледа „чудно“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ryan Reynolds (@vancityreynolds)

Сепак, тој не пропушта да ја слави љубовта на својот живот и тоа како се грижи за нивното големо семејство, па по повод Денот на мајката ѝ го честиташе на свој начин: „Не може да се опише со зборови… ти си срцето и душата на секој момент на ова наше семејство. Благодарен сум за добрината со која зрачиш во секоја секунда од нашиот живот. Ја гледам таа љубов во очите на нашите деца… Секоја смеа. Секое трепкање и секој момент на ранливост. Таа храброст што е потребна за мајчинството во оваа 2021 година е чин на чиста сила и херојство. Никогаш не можев да замислам дека анонимниот секс во бањата на аеродромот ќе доведе до ова. Во секој случај, среќен сум што рефлектирам барем малку од сончевата светлина што не осветлува сите нас“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ryan Reynolds (@vancityreynolds)

А веројатно најубавите зборови за нивниот брак, но и за својот сакан сопруг, Блејк ги остави на страниците на „Vogue“: „Сè што правиме во животот, правиме заедно. Ако снимам филм, тој ми помага се поврзам со ликот, а истото го правам и кога тој снима. Заедно го избираме мебелот, што ќе јадеме… Тој е прекрасен писател и напиша прекрасни работи само за нас. И најдобро од сè, тој ме познава толку добро што ќе ми каже кога нешто не правам добро“.

Слични објави

(Видео) Се ожени синот на Даниел Поповиќ: И невестата и свекорот се фатиле за микрофонот на веселбата

Еспресо

„Родена сум со 4 помалку…“: Марија Шерифовиќ откри кој недостаток ѝ бил дијагностициран како бебе

Еспресо

Тања Савиќ доби изненадување од Муки по концертот во Белград: Пејачката веднаш се „фрли“ во прегратка на 11 години помладиот дечко

Еспресо

(Видео) 30 години од „К-15“: Миле Паника, Тошо Малерот и Цацко Конопишки славеа во кафеана и еве што порачаа…

Еспресо

Душко Тошиќ има нова девојка: Откриени сите детали за нивната врска и каде парот тајно се гледа

Еспресо

Хороскоп за 24 ноември: На Овните им пристигнуваат пари, Раковите се на емотивна клацкалка

Еспресо
Се вчитува....