5.8 C
Скопје
07:07 - 1 април, 2026

Најскапите алиментации во Холивуд, Шин плаќа 90 илјади евра, а Марфи 50 илјади евра…

Иако многумина во брак стапуваат надевајќи се на она „до крајот на животот“, сепак, многу приказни не добиваат таков епилог. Некои ѕвезди поминале низ развод од кој некој излегол со полни џебови, а некој со полупразни.

Ова е листата со светските ѕвезди кои на своите поранешни партнерки им исплаќаат „вртоглави“ алиментации.

Актерот Чарли Шин месечно мора да издвои околу 90 илјади евра за алиментација. Откако тој се разведе од Дениз Ричардс, судот одреди дека тој мора да плаќа 45 илјади евра месечно за ќерките Сем и Лолу. Истата сума актерот мора да и ја плаќа и на поранешната партнерка Брук Милер за нивните два сина Боб и Макс.

Фото: Профимедиа

Еди Марфи тешко се помири со тоа дека ќе мора да плаќа алиментација. Кога беше објавена ДНК анализата, комичарот призна дека е татко на Енџел која ја роди пејачката Мел Б. Судот му одреди дека мора да плаќа околу 50 илјади евра месечно за девојчето.

Фото: Профимедиа

Актерот Мел Гибсон на поранешната партнерска Оксана Григориев со која ја има ќеркичката Луциа и исплаќа околу 16.500 евра.

Освен тоа, таа се „збогати“ и по разводот, после кој и припадна половина од неговото богатство.

Фото: Инстаграм

Музичарот Пол Мекартни на својата поранешна сопруга Хедер Милс по разводот и исплати нешто повеќе од 40 милиони евра, а на нивната ќеркичка Беатрис секој месец и плаќа алиментација од околу 52 илјади евра.

Пејачката Бритни Спирс на поранешниот партнер Кевин Федерлајн му исплаќа алиментација за нивните два сина Шон и Џејден која изнесува 45 илјади евра.

Фото: Профимедиа

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....