14.8 C
Скопје
17:32 - 11 март, 2026

На Лукас му се закануваат со СМРТ, а тој не престанува со навредите: Ќе ги најдам сите што ми се закануваат!

Аца Лукас добива смртни закани преку друштвените мрежи откако ги вреѓаше Јелена Карлеуша и Лепа брена. Фолкерот за Јелена напиша дека е суетна и љубоморна личност, блиска со криминалци, а подобро не помина ни Брена.

Војната ја продолжи вчера коментирајќи го стајлингот на Брена на настапот во саботата.

„Дали е ова ЈК или ЈФ? Син ми Андреј гледа на Инстаграм и ме прашува: Тато, ова е ЈК? Не знае тој. За момент и мене ми се причини. А одговорот е: Ниту е ЈК, ниту ЈФ, а не се ни лебеди, туку од шума побегнала тета, тоа е нашата третодобна штрумфета.

Ова не им се допадна на фановите на пејачките, па почнаа да го навредуваат Лукас, но и да му се закануваат.

„Имаш среќа што Јелена те почитува. Ти би бил одамна закопан“, му напиша еден следбеник на Инстаграм.

Фолкерот ова дополнително го разбесни, па му врати:

„Некоја виртуелна личност од зад тастатурата рекла дека одамна би бил закопан да не сум ѝ симпатичен на ЈК? Закопан бев само на зимувањето во Закопане во Полска., во осумдесеттите… “

Потоа пејачот се заканил дека ќе ги најде сите кои му се закануваат од лажни профили:

„Покажи ја својата слика и податоците, па ќе ти се извинам. Коментирате дека сум простак, ама мене нема да ме плука некоја пи**ица со лажен профил, зашто мисли дека нема да го најдеме. Немојте да сте толку сигурни“, напишал Лукас.

Instagram

Слични објави

Ни доаѓа најхаотичниот ден во последните 45 години: Ќе се совпадне речиси сè што не треба, предупредуваат астролозите

Еспресо

Повторно насилство во семејството Голубовиќ: Судот му изрече итна мерка на Кристијан

apostolova

(Фото) Луна Ѓогани во провокативно издание од Малдиви: Голи нозе, длабоко деколте и безброј коментари

Еспресо

(Видео) Јована Јеремиќ за свршувачката со Тигар: „Јас сум реинкарнација на неговиот покоен татко“

Еспресо

Јелена Розга проговори за плановите за свадба со Иван Хуљиќ

Еспресо

(Фото) Сара и Димитар на втор меден месец на минус четири степени

msp-admin
Се вчитува....