07:55 - 4 април, 2026

На копачките напишал „душо“ и го ставил знамето на нејзината земја: Како започна љубовната приказна на Бастијан Швајнштајгер и Ана Ивановиќ (ФОТО)

profimedia

Српската тенисерка Ана Ивановиќ која има освоено голем број на титули неколку пати е прогласена за најубавата спортистка на светот, на 12 јули 2016 година стана сопруга на познатиот германски фудбалер Бастијан Швајнштајгер.

профимедиа

Познатиот пар вчера прослави 4-годишнина од својот брак кој го склопија во Венеција, а на 13 јули наредниот ден склопиле и црквен брак во овој романтичен град. Нивната љубов ја гледа целиот свет и таа важи за една од најсложните врски на познатите. Како круна на нивниот брак тие ги имаат двата сина Леон и Лука, а нивната љубов започнала ненадејно.

Врската на тенисерката и фудбалерот германските медиуми ја откриле кон почетокот на септември 2014 година, а нивната тајна романса ја „издал“ тренерот на кошаркарите од Баерн, Светислав Пешиќ.

профимедиа

„Мојот пријател Бастијан Швајнштајгер и Ана Иванович се во емотивна врска, а ги запозна мојата ќерка Ивана. Нека се сакаат децата и држат за рака“, рекол тогаш Пешиќ.

Веста одекна како бомба и од тој момент сите сакаат да ги знаат деталите за нивната врска.

profimedia

Сепак, на почетокот не било лесно. Германците не биле спокојни бидејќи Бастијан не бил повеќе, со сега веќе поранешната девојка Сара Брандер, додека на фановите на Ана им требало време да го прифатат фудбалерот.

Бастијан многу брзо на сите начини започнал да ја покажува својата љубов спрема Ана.

Прво на копачките го напишал нејзиното име, датумот на почетокот на врската со неа (05.09.2014) и „душо“, зборот со кој се обраќа кон својата девојка, над српското знаме.

инстаграм

Швајнштајгер започнал да ја следи Ана ширум светот, додека од публиката ѝ пружал поддршка и навивал со целото срце од трибините.

Денес, после 4 години неизмерна љубов и внимание, српскиот зет на својот инстаграм-профил објави момент додека бирал еден од најромантичните подароци за својата сопруга – цвеќе во најразлични нијанси.

Очигледно дека нивната љубов со текот на годините станува посилна и дека меѓусебно се прават многу среќни.

Слични објави

Хороскоп за 4 април: Биковите освојуваат од старт, Овните имаат сè

Еспресо

(Фото) Сања Вучиќ го покажа своето момче, нивната голема љубов е очигледна

Еспресо

(Фото) Го покажа трудничкиот стомак во чипкан градник и гаќички – Едита заводливо позира во 6-иот месец од бременоста

Еспресо

„Двоен празник, добро во лошо“: Ела Дворник откри необичен договор за децата по разводот со Чарлс

Еспресо

Карлеуша повторно фатена во лага – Композиторот Мили ги демантираше нејзините тврдења за хитот „Вретено“

E.A.

(Видео) Татјана Стојановска сподели ретка лична приказна, ова се случува по шест наутро

Еспресо
Се вчитува....