11.8 C
Скопје
19:36 - 10 април, 2026

Модната колекција на Divaio пролет-лето 2019, наменета за мажи со стил

Колекцијата за мажи пролет-лето 2019 на Divaio е во трендовиски бои – пудра, светло жолта, небесно сина и праска во комбинација со неутрални тонови, како и во риги или во морнарски стил. Мажите ќе можат да изберат одела, кошули, чевли како и модни детали, во кои ќе се чувствуваат удобно, ќе бидат елегантни и модерни за секој дел од денот или настан.

„Divaio е микс на различни селектирани брендови за мажи. Кај нас љубителите на модата можат да се облечат пред сè во квалитетна гардероба. Оваа сезона нашата палета нуди „business-casual“ стил на облекување. Секој маж може да избере модерни кошули, сакоа, одела, елечиња, џемпери, панталони, чевли, како и аксесоари. Сакаме како што е нашето мото, мажите да бидат модерни, елегантни и со стил“ вели Синиша Станковски, сопственик на брендот Divaio.

Матурантите или апсолвентите кои сакаат за нивниот настан да изгледаат беспрекорно, да изберат модерни и корисни парчиња облека кои ќе дадат печат на нивниот стил и имиџ.

„Искрено, ние би им препорачале оваа година да изберат трендовска облека, свежа и свечена, поточно изборот да е комбинација од кошула, сако, пантолони во разни бои, искомбинирани со модни детали како што се џебно марамче, часовник, дезенирани чорапи. Со ваков стил и комбинација тие ќе се чувствуваат различни, модерни и удобни. Најмалку би им препорачал да бидат класични, да ги избегнуваат темните бои и вратоврски, затоа што треба овој ден да им биде запаметен, да бидат со позитивна енергија и кул стајлинг“ додава Станковски.

Брендот Divaio се наоѓа во Градски трговски центар на првиот кат. Во декември ќе одбележат две години од своето постоење и со тоа ќе ја презентираат нивната капсулна колекција која ќе ја креираат заедно со познат македонски моден дизајнер.

Слични објави

Џејла Рамовиќ ја објави новата песна „1004“

E.A.

„Немој да бидеш кретен!“ – бруталниот совет на Киану Ривс стана лекција за Холивуд

Т.Ц.

Неодоливиот Словенец го замени фудбалскиот терен со реално шоу и стана миленик на публиката

Т.Ц.

Сите зборуваа за нивната свадба – овој познат хирург е поранешниот маж на Мира Шкориќ

E.A.

Никогаш не го заборави: Брена со емотивна приказна за Лепи Бора

msp-admin

Татин син: Миро Кацаров објави посебна фотографија од малиот Тадеј

msp-admin
Се вчитува....