12.8 C
Скопје
13:29 - 24 март, 2026

Мала астро школа: Како да си го одберете вистинскиот партнер за вас

Веројатно веќе сте слушнале, месечината има огромно влијание на психата и на расположението на луѓето, влијае на ритамот на растителниот свет, на животните, па дури и на природните феномени. Преминот од „млада“ месечина до полна месечина трае околу 29,5 дена, а секоја фаза се карактеризира со различни влијанија врз сите живи суштества, со различна позитивна или помалку позитивна енергија.

„Младата“ месечина се смета за најповолна, и астролозите сметаат дека тоа е најдобриот период за нови почетоци. Се подготвувате, на пример, да започнете диета? Започнете ја на „млада“ месечина.

Позицијата на наталната Месечината во вашата натална карта, кажува многу за вашето внатрешно „јас“, како и за вашите инстинкти и вашите емотивни навики. Токму таа, најдобро објаснува зошто две личности, родени во ист знак, можат да бидат толку многу различни.

Во вашата натална карта проверете во кој знак ви е позиционирана наталната Месечина. Вашите емоции, односно, вашето внатрешно „јас“ ќе ги има карактеристиките на тој знак. Тоа може да ви помогне да си го дефинирате вашиот емотивен развој или да си ја „прочитате“ (и искажете) несвесната страна на вашата личност. Така, полесно ќе ви биде да си објасните зошто го правите тоа што го правите, кога се во прашање емоциите.

Но, како да си ја најдете вистинската личност за вас? Повторно, преку Месечината. Во оној знак каде што ви е позицирана наталната Месечина, барајте си го својот совршен партнер/ка – роден во токму тој знак. На пример, ако вашата натална Месечина е позиционирана во знакот на Лав, барајте си за партнер Лавче, односно Лавица, ако ви е позицирана во знакот на Риби, Рипчињата ќе ви бидат најблиски на срцето и душичката.

Слични објави

(Фото) Благоја Грујовски запеа за мајката на Гавазова со посебен повод

msp-admin

„Нe сум родена да живеам сама“ – ексклузивна исповед на Ана Бекута

E.A.

(Видео) Елена Велевска проговори за децата: Секогаш навивам за син ми

msp-admin

„Ти Станија не треба да бидеш пример на девојчињата“ – Понижувањето кое старлетата го доживеа во емисијата на Сања Маринковиќ и денес се прераскажува

E.A.

Миро Кацаров во прегратка на двете деца, посебна слика на водителот со Тадеј и Миа

msp-admin

„Тогаш Бог почнува…“: Лазиќ ноќеска објави снимка од дворот во Брестач

E.A.
Се вчитува....