13:34 - 7 ноември, 2026

Мајли Сајрус преферира онлајн секс, за да не се зарази од коронавирусот: До неодговорните упати јавна критика!

Instagram

Американската пејачка Мајли Сајрус (28) во новото интервју во емисијата со Хауард Стерн изјави дека нејзиниот сексуален живот станал виртуелен за време на пандемијата на коронавирусот.

Instagram
Instagram

Имено, пејачката, која летово раскина со музичарот Коди Симпсон, со месеци не видела никој во живо, но сепак била во цекс акција преку Интернет.

Instagram
Instagram

– Имам многу секс на Интернет на „FaceTime“ – тоа е најбезбедниот секс. Не сакам да добијам Ковид, започна таа.

– Дефинитивно нема да направам ништо што може да биде неодговорно за мене или за другите луѓе. Смешни се луѓето кои не сакаат да преземат никакви мерки за да се спасат едни со други. Тоа е многу зезнато, додаде пејачката.

Instagram
Instagram

Мајли исто така додаде дека ова е многу интересно и предизвикувачко време за секаков вид забава или средби со луѓе. Откако таа и Симпсон раскинаа, изворот изјави дека поп-ѕвездата е слободна како птица и дека е многу среќна.

– Сакам луѓе, сакам кога сакам, имав врски со сите поволи и отворена сум за сè. Во моментов, сум повеќе за забава отколку нешто сериозно, но отворена сум за сè, заклучи таа.

Instagram
Instagram

Да потсетиме, пејачката минатата година се разведе од актерот Лиам Хемсворт (30), по само една година брак, а причината за разводот наводно била нејзиното изневерување со жени.

– Јас секогаш ќе го сакам Лиам, но имаше премногу конфликт меѓу нас, рече Мајли во истото шоу.

Слични објави

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.

(Фото) Драган Бјелогрлиќ ужива во скопската боемска атмосфера — во друштво на Петре Арсовски и Дејан Дуковски

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.

Хороскоп за 7 ноември: Девиците ќе добијат пофалба што ќе им го разубави денот, Скорпиите ќе ја послушаат интуицијата

Еспресо
Се вчитува....