Социјалниот живот на Шакира се распламти откако се врати во САД. Особено по посетата на Жерар Пике на Мајами, за да се подружи со децата Саша и Милан, сè тргна вртоглаво брзо и многу романтично за Колумбијката, за која како да постои „листа на чекање“ составена од ѕвезди. Куп додворувачи од А-листата, меѓу кои за сега најпознати се пилотот на Формула 1 Хамилтон и холвудската ѕвезда Том Круз. Но, не се само тие.
Се започна на ГП во Мајами, кога никој не очекуваше да ја види Шакира во толку добро друштво. Покрај неа, никогаш не напуштајќи ја, беше актерот Том Круз. Следните денови се дозна дека се долго време пријатели, па се во добри односи.
Од друга страна, со Луис Хамилтон веќе имаше неколку средби, па дури заедно беа и на вечера во ресторан и на возење со јахта, што поттикна гласини дека тие би можеле да бидат новиот пар.
Но, според шпанската „Ел Програма де Ана Роса“, Хамилтон и Круз не се единствените додворувачи на згодната Колумбијка, бидејќи има уште двајца холивудски актери кои се многу заинтересирани за неа, која – познато е – е без партнер по раскинувањето со Пике минатата година.
Прво, тоа е актерот Крис Еванс, познат по улогата во „Капетан Америка“, кој дури јавно се изјасни дека ѝ се восхитува на Шакира, нешто што без двоумење го истакнува во последно време во различните интервјуа.
View this post on Instagram
Еванс беше прогласен за најзгоден маж за 2022 година од списанието „Пипл“.
Крис Еванс пак, има конкуренција во колегата Хенри Кавил, уште еден многу згоден актер, најпознат по улогата на Супермен.
View this post on Instagram
Овој познат холивудски актер неодамна се сретнал со Шакира на приватна забава во Мајами, и отворено се изјаснил на пријателите дека е „загреан“ за неа. Гласините велат дека и таа не можела да одолее на неговиот шарм, па вечерта ја поминале во забава, муабетење и размена на искрени насмевки.
View this post on Instagram
Сега останува на самата Шакира да избира, а очигледно има згодна група славни момци околу неа. Таа неодамна се изјасни дека за сега приоритет ѝ се децата и работа на кариерата. Останува да видиме до кога нема да им одолее на романтичните искушенија.