06:00 - 21 декември, 2024

ЛИНДА ЕВАНГЕЛИСТА ГО ПРЕКИНА МОЛКОТ: Прозборе за естетската процедура што го уништи нејзиниот изглед и кариера

Линда Еванџелиста

Пред пет години, светските медиуми почнаа да пишуваат дека некогаш еден од најплатените модели на 90-тите, легендарната Линда Еванџелиста, со канадско потекло, е речиси непрепознатлива. Сиве овие години, таа молчеше, криејќи од јавноста што навистина ѝ се случило. До сега…

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Linda Evangelista (@lindaevangelista)

Заедно со Наоми Кемпбел, Кристи Тарлингтон, Синди Крафорд и Клаудија Шифер, таа беше супермодел во 90-тите и успешно владееше со модната сцена. Нејзините изјави од таа ера се добро познати, како на пример дека не станува од кревет за понуда помала од 10.000 американски долари и дека нема познат дизајнер или бренд што не ја ангажирал Линда Евангелиста.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @michelina2

Но, во последните пет години, некогаш една од најубавите жени во светот, стана речиси непрепознатлива – вишок килограми, а многумина коментираа дека и лицето ѝ е променето.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Spletnik (@spletnik_ru)

Откако беше фотографирана од папараците на улиците на Њујорк во 2017 година, нејзините фотографии, на кои малкумина можеа да ја препознаат, го обиколија светот, а таа молчеше.

Нејзиниот молк траеше до денес, кога конечно одлучи да ја каже вистинската приказна за тоа што ѝ се случило.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Page Six (@pagesix)

Линда на својот инстаграм-профил, каде ја следат нешто повеќе од 900.000 луѓе реши да ја раскаже својата приказна. Долгата објава за само пет часа допре до илјадници луѓе ширум светот, а една од нејзините најдобри пријателки, „црниот пантер“ Наоми Кемпбел, беше меѓу првите славни личности која ѝ даде поддршка.

„Денес решив да направам голем чекор, сакајќи да поправам се што е погрешно, да откријам низ што поминав и го чував во себе повеќе од пет години. На сите мои обожаватели кои се прашуваа зошто не работев, додека кариерите на моите колеги, со кои ја започнав модната приказна, беа повеќе од успешни, причината лежи во фактот што третманот „CoolSculpting“ на „Zeltiq“ брутално ме уништи и го направи спротивното од она што ми беше ветено“, напиша таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Linda Evangelista (@lindaevangelista)

„Наместо да ги намали масните клетки, третманот ги зголеми и ме остави трајно деформирана, дури и откако направив две болни, но неуспешни операции. Останав, исто како што пишуваа медиумите, непрепознатлива“, продолжува Линда.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ICONSTYLE (@iconstyle_al)

„Развив парадоксална масна хиперплазија, исто така наречена ПАХ, ризик за кој не бев предупредена пред третманот. Поради ПАХ, не само што ми го уништи живеењето, туку поради тоа паднав и во длабока депресија, тага и го почувствував најголемиот презир кон себе. Во тој процес, станав осаменик, и со оваа тужба сакам да продолжам понатаму, да го тргнам тој срам од себе и јавно да ја раскажам мојата приказна. Уморна сум од ваквиот живот. Посакувам повторно да можам да излезам од дома со крената глава, и покрај фактот што повеќе не личам на себе“, раскажа Еванџелиста.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Paul Madley (@paul.madley)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jason Kanner (@jasonsoul1)

 

 

Слични објави

„Јас не можам да пеам!“: Јелена Розга ги одложи концертите во Белград поради трагедијата во Загреб

Еспресо

(Фото) Деколтето во преден план: Данијела Димитровска „пука“ од сексапил во целосно бела комбинација

Еспресо

(Фото) Чантата на Јелена Томашевиќ вреди колку зимување на Копаоник: Сите зборуваат за ова модно парче

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ ужива за сите пари: Чаша бело вино и нереална глетка на убава дестинација

Еспресо

По раскинувањето со Зоран Марјановиќ, Инди откри валкани детали за поранешниот: „Манипулатор кој ми го испра мозокот“

Еспресо

Оваа земја ќе биде засекогаш исфрлена од Евровизија? Има една причина

Еспресо
Се вчитува....