6.8 C
Скопје
09:05 - 27 октомври, 2026

(ФОТО) ТРАНФОРМАЦИЈА: Еве како прилепчанката Викторија Печијареска ги „стопи“ килограмите!

Нутриционистката Елена Мирческа е со нас за да се „стегнеме“ оваа есен.

Здравиот начин на исхрана е во мода, а добрите нутриционисти се сè побарани. Особено, ако здравиот диетен режим би можеле да го комбинираме со физичка активност. Нутриционистката и фитнес-инструкторка, Елена Мирческа, нѐ советува како да дојдеме во топ форма за време на есента. Зашто, не заборавајте, убавите тела кои ги гледаме секоја пролет и лето, се „вајаат“ токму во есен и во зима.

А, некои веќе успеаа во тоа! 

Таков е примерот со Викторија Печијареска од Прилеп.

– Решавањето беше многу тешка одлука, но не сакав повеќе да поминувам покрај огледало, а да имам разочарувачки поглед, вака ја започнува својата фитнес приказна Викторија, која со помош на фитнес инструкторката Елена успеа значително да се истенчи.

фото приватна архива

-Има многу размилувања во поглед на „сакај си го телото такво какво што е“, „си родила па иоправдано ти е“, зма веќе не беше ништо оправдано бидејќи не можев ниедна обврска да извршам затоа што имав нула енергија. Живеам на 4.кат, скалилата ми беа „смрт“ кога требаше да ги искачам, ни раскажува Викторија и продолжува:

– Процесот беше тежок, особено на почетокот, беше вистински предизвик да седнеш на маса полна со секакви јадења, и да ги одбиеш, се смее Викторија.

Продолжува дека брзо се навикнала на се и сфатила дека здравата храна дава повеќе енергија и дека е многу вкусна.

– Низ целиот овој процес мило ми е најмногу што стекнав здрави навики кои знам дека долго ќе ги применувам и ќе ги споделувам советите кои ги добив од инструкторката Елена. Најважно е кога има некој покрај тебе и кој те бодри, вели Викторија.

На крајот вредело. Викторија си ја добила назад енергијата и убавата форма, сјајот на лицето, насмевката, животната радост, станана нова личност полна со самодоверба.

Сега за оваа горда Прилепчанка минато се блузите со големи конфекциски броеви, или како што вели – „пливам во нив“.

Браво за Викторија!

Слични објави

Сува кожа, испукани усни и чешање — како студеното време влијае врз нашата кожа?

К.С.

Дневен хороскоп за 27 октомври: Пред да донесете важна одлука, проверете ги сите детали

apostolova

(Фото+видео) Познатата босанска инфлуенсерка го прослави 42. роденден како Марија Антоанета

Еспресо

(Фото) Македонската водителка Елена Стојановска ужива во Калифорнија — со сопругот прошета низ славниот Холивуд

К.С.

По гласините дека се повлекува од естрадата Ана Николиќ најави големо враќање: „Ви благодарам што бевте со мене, се гледаме во Арена“

Еспресо

Нивес Целзиус во правна битка со поранешниот сопруг – не се откажува од својот дел од имотот

Еспресо
Се вчитува....