18:29 - 11 април, 2026

КРАЛСКИ КАРАНИЦИ: Ни тие не се отпорни на проблеми, а за се е виновна ТАА!

кралско семејство

Новиот документарец „Кралство во војна“ прикажува дека караниците меѓу принцовите од британскиот кралски двор имаат корени длабоко во минатото.

Најмладиот син на кралицата Елизабета, според принцот Чарлс, постојано го пика носот таму каде не му е место. Принцовите Чарлс и Едвард, според документарецот, се скарале уште во 2001 година, кога принцот Вилијам се запишал на Универзитетот Св. Ендрју.

Тогаш кралската палата соопштила дека на медиумите им е дозволено да го снимат принцот како влегува во Универзитетот, но потоа треба да го остават на мира. На таа церемонија била видена и телевизиска екипа што не била поканета, а наводно, работела за принцот Едвард. Тогаш принцот Чарлс се налутил и го нарекол својот брат „идиот“.

Во документарецот се наведува и дека за сето тоа е виновна кралицата Елизабета, затоа што не го санкционирала однесувањето на својот најмлад син. Во британските „чаршиски муабети“ постојано се повторува тврдењето дека Едвард ѝ е омилен син на кралицата и затоа таа е попустлива кон него.

Слични објави

Која е атрактивната мисица Марија која му го украде срцето на синот на Зорица Брунцлик?

Т.Ц.

Бугарскиот пејач Константин има личен мини бар, кој буквално го следи насекаде

Т.Ц.

„Кај нас трпезата е вистинска магија, а голем борец сум кога се кршиме со јајца“: Теа Таировиќ откри како го слави Велигден

Т.Ц.

Мајката на Наташа Беквалац проговори за пропаднатите бракови на ќерка ѝ: „Ќе се откажам од неа ако повторно се омажи“

Еспресо

(Фото) Велики петок во домот на Здравко Чолиќ: Уна покажа како се подготвуваат за Велигден

Еспресо

(Фото) Милан Станковиќ го прекина молкот на Велики петок – неговата објава трогна многумина

Еспресо
Се вчитува....