6.8 C
Скопје
03:43 - 19 март, 2026

Кралицата Елизабета го одликуваше глумецот Даниел Крег за придонес во филмот

Крег е одликуван со орден на Св. Мајкл и Св. Џорџ (CMG), а кралицата го одликуваше за неговиот извонреден придонес во филмската индустрија.

Во неодамна објавениот филм „No Time to Die“ од франшизата за Џејмс Бонд, Крег за последен пат ја толкуваше улогата на познатиот таен агент.

Одликувани здравствени работници, спортисти и политичари

Предводниците на јавното здравство во Англија, Шкотска и Велс – Крис Вити, Грегор Смит и Френк Атертон – се одликувани за витези, а почести им припаднаа и на оние кои биле вклучени во производството на вакцини.

Најдолговечниот премиер на Лабуристите, Тони Блер, рече дека е „неверојатна чест“ што станал носител на најстарата и највитешката почест што кралицата ја дава без да се консултира со владата.

„Сакам да им се заблагодарам на сите што служеа со мене, во политиката, во јавниот сектор и во сите делови од нашето општество, за нивната посветеност на нашата земја“, рече Блер.

Витез стана и велосипедистот Џејсон Кени, освојувач на седмиот златен медал на Олимписките игри во Токио. Неговата сопруга Лора Кени, најуспешната британска олимпијка, првата што освоила злато на три последователни Олимписки игри, е прогласена за дама.

Почести добија вкупно 78 олимпијци и параолимпијци.

Новогодишните одличја датираат од владеењето на кралицата Викторија во 19 век, а им се доделуваат не само на познати личности, туку и на оние кои придонеле за државата.

Слични објави

(Видео) Цеца конечно покажа што носи во својата чанта од неколку илјадници евра! Не излегува без овие работи…

Еспресо

Бени Шаќири откри зошто е скаран со Златко Ориѓански: На лична основа е

Еспресо

Пропуштен хит: Сања Вучиќ откри дека Теа Таировиќ одбила да сними дует со неа

Еспресо

(Видео) Зад мегахитот на Силвана Арменулиќ се крие приказна за нејзината најголема болка во животот

Еспресо

Беше омилен лик во „Среќни луѓе“, а почина во беда: „Пензијата ја дочекав во сиромаштија“

Е.А.

Откриено што рекол во обвинителството: Сослушан менаџерот на Здравко Чолиќ поради бомбата фрлена врз куќата на пејачот

Еспресо
Се вчитува....