5.8 C
Скопје
05:27 - 1 април, 2026

Конечно ѝ се насмевна среќата и на Никол Шерзингер! (ФОТО)

41-годишната пејачка официјално ја потврди врската после доделувањето на Златните глобуси.

Прекрасната пејачка која се прослави со женскиот бенд Pussycat Dolls, Никол Шерзингер, најде нова љубов и е посреќна од било кога. Всушност, кон крајот на минатата година започнаа да ја поврзуваат со 7 години помладиот Том Еванс, а врската беше потврдена кога беа видени како разменуваат страсни бакнежи во Лондон. Пред тоа Еванс е виден на настап на Pussycat Dolls.

Profimedia

41-годишната пејачка официјално ја потврди врската после доделувањето на Златните глобуси, каде што се појави со Том. Последното појавување на Никол предизвика големо внимание, бидејќи таа ги истакна своите облини во многу провокативно издание. Всушност, Никол се појавила на FOX Winter TCA 2020 All Star забава во краток топ и широки панталони во иста боја, а целиот стајлинг го заокружила со пуштена таласита коса и златни обетки.

Profimedia

Таа ноќ не завршила тука, бидејќи Никол малку подоцна преку рамото ставила капут, ја земала својата плик-чантичка и држејќи го за рака Том, отишла на вечера.

Profimedia

Потсетуваме дека Никол немаше многу среќа во љубовта. Таа беше во врска со Луис Хамилтон, која траеше 7 години, а наводно раскинале, бидејќи возачот на Формула 1 не сакал да се ожени со пејачката. Потоа, таа беше во врска со тенисерот Григор Димитров, а повеќе годишната врска ја прекина поради непознати причини. Останува да се види дали е Том вистинскиот за неа и искрено се надеваме дека е така!

Profimedia

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....