11.8 C
Скопје
09:43 - 26 април, 2024

Која е Урсула фон дер Лајен? Штитеничка на Ангела Меркел, мајка на седум деца и дама со став и андроген стил

Германка со ретро фризура која е лесна за одржување, љубителка на нежен накит, а кога облеката е во прашање нејзниот избор е комбинација на елегантен и андроген стил.

Нејзините цврсти ставови создаваат анксиозност кај мажите политичари. Прва другарка со Енџи (читај Ангела Меркел), докторка, но и посветена мајка. Велат една жена треба да избере меѓу кариера или живот како посветена сопруга и мајка, но Урсула ги избра и двете, а на прв поглед одлично и оди.

Урсула фон дер Лајен – гинеколог, мајка на седум деца и штитеничка на Ангела Меркел на чело на Европската комисија. Германската демохристијанка Урсула фон дер Лајен e во фокусот на вниманието.


Урсула фон дер Лајен е политичарка со долгогодишно искуство која раководи со неколку германски министерства, а притоа е родена во политичко семејство. Нејзиниот татко Ернст Албрехт бил познатиот политичар.


Германската политичарка е родена во 1958 година во Брисел, каде нејзиниот татко, подоцнежниот премиер на сојузната покраина Долна Саксонија,

Ернст Албрехт, имал високи позиции во Европската економска заедница и Европската заедница, претходници на Европската унија. Фон дер Лајен првите 13 години од животот ги поминала во Брисел.

Страв од РАФ

Од 1977 до 1980 година студирала економија на престижната Лондонска школа за економија. Во Лондон, поради страв од терористите од Фракцијата на Црвената армија (РАФ), кои во тоа време им се заканувале на германските политичари и членови на семејството, таа студирала под лажното име Роуз Ладсон.


По враќањето во Германија, идната министерка студирала медицина по што докторирала и специјализирала гинекологија. Во 2015 година, се појавија наводи дека Фон дер Лајен го препишала најголемиот дел од нејзиниот докторат. Истрагата на Универзитетот во Хановер заклучи дека докторатот „содржел грешки“, но било одлучено Фон дер Лајен да го задржи докторатот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Royalisticism (@royalisticism)


Во 1986 Урсула стапува во брак за доктор и потомок на познатото семејство на текстилни индустријалци, Хеик фон дер Лајен, со кој има седум деца.

Влегување во политиката

Таа релативно доцна ѝ се посветила на политиката. Урсула станала членка на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) дури во 1990 година, а во прокраинската политика влегла во доцните 1990-ти. На сојузната политичка сцена Урсула се активира дури во 2005 година кога новоименуваната канцеларка Ангела Меркел ја донесе на функцијата министер. Во вториот кабинет на Меркел, Фон дер Лајен ја извршуваше функцијата министер за труд, а во 2013 година го презеде Министерството за одбрана.


На чело на Министерството за одбрана, конзервативните кругови ја обвинија за недоволна блискост со самите единици и премногу бавна реорганизација на Бундесверот.

Штитеничка на Ангела Меркел

Фон дер Лајен е позната како блиска соработничка на Ангела Меркел, а извесно време беше во игра и за генералниот секретар на ЦДУ. Таа беше трн во око и на конзервативните кругови поради нејзината поддршка за бегалската политика на Ангела Меркел. Самото семејство Фон дер Лејен дома прими бегалец од Сирија.


Поради доброто познавање на сите три главни јазици на ЕУ и искуството во НАТО, аналитичарите ја предвидоа нејзината позиција како соодветен кандидат за позицијата шеф на Европската комисија.

Актуелно

Одлуката официјално на Украина и Молдавија да им се додели статус на земја кандидат за членство во ЕУ на Твитер ја поздрави и шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

„Денес е добар ден за Европа“, напиша таа, честитајќи им на претседателите на Украина и на Молдавија.

„Вашите земји се дел од европското семејство. Денешната историска одлука го потврдува тоа“, додаде Фон дер Лајен во објавата на Твитер.

Слични објави

(Фото) Харис Џиновиќ се подмлади: Пејачот го промени имиџот и не носи веќе шешир

еспресо

Астропрогноза за петок, 26 април: Важни вести за Близнаците, добри можности за Биковите

еспресо

Хороскоп за среќа: Најповолните денови во мај за секој хороскопски знак

еспресо

Српските естрадни ѕвезди се простуваат од Џаро: „Патувај легендо, мами ги ѕвездите на небото“

еспресо

(Видео) Никола Роквиќ откри колку пари собрал за четири дена: Српскиот пејач тргна пешки на пат долг 1.060 км за Грција

jasmina.kantardzieva

„Беше кратко и слатко“: Јелена Карлеуша повторно на суд поради Цеца Ражнатовиќ

Еспресо
Се вчитува....