3.8 C
Скопје
13:07 - 23 декември, 2024

Која е Светлана Кривоногих, МАЈКА на ТАЈНАТА ЌЕРКА на ПУТИН: Од чистачка до милијардерка!

Покрај двете легитимни ќерки, рускиот претседател Владимир Путин има и 18-годишна ќерка Елизавета.

Елизавета е родена во 2003 година, годината во која нејзината мајка, која работела како чистачка во бутик за да ги издржува студиите, одеднаш станала милијардерка.

За приватниот живот на Владимир Путин се знае малку. Но, тајните испливуваат низ годините. До 2013 година, рускиот претседател беше во брак со Људмила Шкребнева, поранешна стјуардеса на Аерофлот, се запознале кога таа била студентка, а тој веќе бил агент на КГБ. Со неа има две ќерки, Марија, родена во 1985 година, а Екатерина една година подоцна.

Но, изгледа дека двете девојчиња не се единствените кои го имаат презимето Владимировна, прво презиме кое се додава веднаш после името а го означува таткото. Се зборува за (дури) четири деца родени од врската – никогаш официјално не потврдена – со поранешната гимнастичарка Алина Кабаева, за која, сепак, речиси ништо не се знае, а потоа и за 18-годишната девојка Елизавета Владимировна Кривоногих, позната на социјалните мрежи како Луиза Розова (профилите сега ѝ се затворени, по нападот на Русија врз Украина). Таа многу личи на Путин, а повеќе извори ја нарекуваат „вонбрачната ќерка на Путин“.

За да се потврди ова, се истражувало CV-то на нејзината мајка Светлана Кривоногич, поранешна келнерка, чие име се појави минатиот октомври, до она на Тони Блер, кралот на Јордан и Клаудија Шифер, во „Пандора пејперс“. До нејзиното име се дошло после една новинарска истражувачка сторија во која се „следеле“ идентитетите на поединци, познати личности и компании кои, искористувајќи ја глобалната офшор економија, успеале да го сокријат обемот на своето богатство и да ги избегнат даночните обврски.

Светлана, според она што произлегува од новинарската истрага спроведена од Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари, е родена во 1975 година во Санкт Петербург и живеела само од својата работа до раѓањето на нејзината ќерка Елизавета. Таа година, 2003., сепак се случило да купи стан на нејзино име вреден 4 милиони евра. Станот бил купен во Кнежеството Монако платен од офшор сметки. Малку подоцна, Кривоногих, веќе поседувала и низа станови во Москва, Санкт Петербург и Сочи во вредност од околу 12 милиони евра, а поранешната келнерка веќе била извршен директор во компанија која управувала со империја на недвижнини.

Руската мултимедијска агенција „Проект“, поддржана од американската невладина организација „Проект медиа“ и веќе прогласена за „непожелна“ од Кремљ во јули минатата година, можеше да каже повеќе за Светлана. Во 90-тите Светлана учела на Економскиот и Финансискиот факултет на Институтот за меѓународни економски односи, отсек – економија и право, во Санкт Петербург. За да ги издржи студиите, работела како чистачка во бутик недалеку од нејзиниот дом, каде што живеела со нејзината мајка.

Откако дипломирала, изгледа дека се преселила (секогаш носејќи ја со неа и нејзината мајка), во куќа на островот Камени, на делтата на Нева, стан кој дотогаш никогаш не бил даден на некој што не бил дел од придружбата на Путин. Ова за „Проект медиа“ го откриле извори блиски до самата Светлана, кои укажале на рускиот претседател – кој тогаш сè уште бил во брак со Људмила Шкребнева – „мистериозниот добротвор“.

Врската на Светлана и Владимир Путин не траела долго, завршила со раѓањето на Елизавета која Путин никогаш официјално не ја призна. Веднаш по раѓањето на детето, сепак, економската состојба на Кривоногих значително се подобрила и денес таа е една од најбогатите жени на планетата.

Слични објави

Две години подоцна: Масимо Савиќ и понатаму живее преку својата музика

Еспресо

(Видео) Публиката ја исвирка Тијана Дапчевиќ: Пејачката го поздрави Ивица Дачиќ и наиде на критики!

Еспресо

Александра Пријовиќ го прекина последниот концерт: Свекрвата Зорица, во солзи, целосно скршена

Еспресо

(Фото) Ништо од венчавката вредна 600 милиони долари! Џеф Безос ја демантираше свадбата во Аспен, сè е лага! 

Еспресо

Хороскоп за 23 декември: Вагите ќе имаат љубовни проблеми, Скорпиите ќе бидат под тежок стрес

Еспресо

Славниот водител сподели тажни вести: „Никогаш нема да те заборавам, многу поминавме заедно“

Еспресо
Се вчитува....