9.8 C
Скопје
00:54 - 18 март, 2026

Која е „новата Саманта“ во серијата „Сексот и градот“: Лиза е самохрана мајка на три деца и режисер

Никол Ари Паркер

Актерката Никол Ари Паркер ќе ја замени Ким Катрал во новото продолжение на светски познатата серија „Sex And The City“ наречена „And Just Like That“.

Иако продукцијата се плашела дали гледачите ќе ја прифатат серијата без четвртата пријателка од квартетот, сексапилната Саманта, се чини дека има значителен интерес за серијата. Никол ќе ја отелотвори Лиса Тод Вексли, самохрана мајка на три деца и режисер на документарни филмови.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by SJP (@sarahjessicaparker)

„О, многу убаво. Би пеела љубовни песни од 70-тите години со ова трио длабоко во ноќта, кога и да било“, напиша Сара Џесика Паркер во описот на фотографијата од четирите актерки и пријателки која неодамна ја објави на својот инстаграм-профил.

Многу фанови не го прифатија фактот дека Саманта нема да биде дел од популарната четворка, а исто така сакаа да знаат како режисерите ќе го решат проблемот со нејзиното отсуство.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by nicoleariparker (@nicoleariparker)

„Некои пријателства бледаат, и започнуваат нови. Затоа мислам дека сето тоа е многу индикативно за вистинските фази од животот… Се обидува да раскаже искрена приказна за животот на жените во педесеттите години во Њујорк. Затоа, се треба да биде природно, а пријателите што ги имате на 30-годишна возраст, можеби нема да ги имате на 50 години“, објасни Кејси Блоус од „HBO“, пренесува „Marrie Claire“.

Никол е најпозната по улогите во серијата „Empire“ и филмот „Boogie Nights“ и е првата Афроамериканка која стана дел од позната женска група.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Grazia UK (@graziauk)

Серијата од 10 епизоди ќе ги следи четирите пријателки кои се соочуваат со тешките односи меѓу пријателствата и животот во педесеттите години. Серијата започна да се емитува во 1998 година, и со 94 епизоди успеа да освои седум „Emmy“ награди и осум „Golden Globes“.

Слични објави

„Изгубив половина од себе“: Дарко Лазиќ сподели емотивен спомен за братот Драган

Еспресо

(Фото) Заведува неверни мажи, а потоа јавно ги разоткрива: „Ми се закануваат, но нема да запрам“

Еспресо

Сале Тропико се „исповеда“ за разводот со Јована Пајиќ: „Најмногу болеше разочарувањето…“

Еспресо

„Никој не сакаше да му купи карта за концерт“: Каќа Живковиќ го „исплука“ Тони Цетински

Еспресо

Ова била одлуката на судот! Ана Николиќ објави нови докази за разводот на Рале и неговата прва сопруга: Еве што се случи со имотот

Еспресо

Каде за продолжениот викенд? Ако немате идеја, ѕвездите имаат совет за секој хороскопски знак

Еспресо
Се вчитува....