8.8 C
Скопје
22:35 - 29 јануари, 2025

КОЈА Е ФАТАЛНАТА НОВИНАРКА КОЈА ГО ЗБУНИ ПУТИН: Хедли Гемл за миг се најде во центарот на вниманието

Хедли Гембл

Се чини дека никако не стивнува интересот на светските медиуми за американската новинарка Хедли Гембл од „Си-Ен-Би-Си“ откако руските медиуми ја критикуваа тврдејќи дека „намерно играла на секси картата со цел да го одвлече вниманието на Владимир Путин“.

Водителката ја модерираше седницата на енергетскиот форум во Москва, на која учествуваше и Путин, а меѓу бизарните аргументи што тамошните медиуми ги навеле меѓу другото било и тоа дека го „збунила“ Путин, допирајќи ја нејзината коса, си ги лижела усните, носела штикли од „Louboutin“ високи 12 сантиметри и слично…

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Hadley Gamble (@hadleygamble)

Се чини дека целата ситуација не ја загрижи премногу водителката, па таа на својот инстаграм-профил си се пофали со насловната страна на еден руски весник покажувајќи кон нозете, кои наводно го „збуниле“ претседателот.

Очигледно, ненадејниот интерес добро ја забавува, па на социјалната мрежа „Инстаграм“ Хедли објави фотографија од торта со слика на Владимир Путин со натпис „Премногу убава“. Во описот на објавата, таа напиша дека има најдобри пријатели.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Hadley Gamble (@hadleygamble)

Кој е всушност Хедли Гембл?

Гембл работи за „Си-Ен-Би-Си“ во седиштето за Блискиот Исток во Абу Даби. Во нејзината емисија, која се емитува секојдневно, дава и преглед на азиските пазари.

Покрај тоа, Хедли е исто така вклучена во популарната документарна франшиза на „Си-Ен-Би-Си“ насловна „Access: Middle East“, каде разговара со светски лидери и филантропи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Hadley Gamble (@hadleygamble)

Неодамна нејзини гости беа египетскиот претседател Абдел Фатах ел-Сиси, либанскиот премиер Саад Харири, саудискиот министер за надворешни работи Адел ал-Џубеир, престолонаследничката принцезата Рима бин Бандар Ал-Сауд, како и американскиот секретар за финансии Стивен Мнучин и државниот секретар на САД, Мајк Помпео.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Hadley Gamble (@hadleygamble)

Хедли редовно известува за „Си-Ен-Би-Си“ од Светскиот економски форум во Давос, модерирајќи панели на теми кои се движат од геостратешки погледи на Блискиот Исток до иднината на образованието и инфраструктурата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Hadley Gamble (@hadleygamble)

Хедли, исто така, е страстен поборник за правата на жените на работното место и нивниот напредок во арапскиот свет. Таа го модерираше првиот женски деловен форум во Саудиска Арабија и донесе ексклузивна содржина за „Си-Ен-Би-Си“, додека Кралството ја укинуваше децениската забрана за возење.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Hadley Gamble (@hadleygamble)

Искусната новинарка работела и за „Еј-Би-Си Њуз“ и „Фокс Њуз“ во Вашингтон, продуцирајќи информативни програми и покривајќи национални и меѓународни политички настани, вклучително и претседателската дебата во 2008 година, изборната ноќ во 2008 година и инаугурацијата на американскиот претседател Барак Обама.

Слични објави

Извор откри: „Иван ја криеше врската со Јелена Розга поради страв од една личност“

Еспресо

Мирослав Илиќ завршил на инфузија: „Никој не знаеше каква болка имам“

Еспресо

Јована Јеремиќ доби внук: „Јас сум најмладата баба во историјата на Србија!“

Еспресо

Крај на една љубов: Младата српска пејачка раскина со синот на Ивица Дачиќ!

Еспресо

(Фото) Пари летаат на сите страни! Анабела го прослави 50-тиот роденден, а пејачот го опсипувале со банкноти

Еспресо

(Фото+видео) Војаж излетал од патот! Автомобилот на раперот го влечеле од ендек, еве во каква состојба е музичарот 

Еспресо
Се вчитува....