Марина Туцаковиќ, најпознатиот и најуспешниот текстописец на овие простори, почина на 19 септември, на 67-годишна возраст. Таа беше автор на бројни хитови и соработуваше со скоро сите пејачи на сцената. Туцаковиќ напиша бројни стихови за веќе познати поп и рок хитови како и истакнати песни во народната музика, а многумина и рекоа дека некогаш и ја предвидува иднината со многу свои стихови.
View this post on Instagram
Последно во јавноста излезе информацијата дека пејачите од естрадата ѝ должеле 90 илјади евра на Марина Туцаковиќ за хитовите кои им ги напишала.
Туцаковиќ во моментот кога ја започна битката со тешката болест се откажа од битката да ги наплати долговите од пејачите за кои создаде хитови и од кои создаде ѕвезди.
View this post on Instagram
По нејзиниот погреб, синот на Марина, Милан Лаца Радуловиќ изјави дека нема намера да им ги опрости на сите кои останале должни на неговата мајка. На финансиската битка се надоврзува и изјавата од Лаца дека за многумина од естрадната сцена нема да има добри последици доколку тој проговори по години молчење откако тие им свртеле грб.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Меѓу првите кои ќе бидат погодени се претпоставува дека е Цеца Ражњатовиќ, откако ситуацијата ескалираше на денот на погребот кога се побара Цеца да се одалечи од гробот на Марина. Една од причините која го изиритирала Лаца е пораката која ја добил од Цеца дека песните за кои требала да плати се „скапи како мајка“, но и изјавите дека таа плаќала за лечењето на Марина кое Милан го негира.