7.8 C
Скопје
23:44 - 1 април, 2026

ЌЕРКАТА НА ПУТИН се разведува и го напушта сонот да отвори клиника за милионери: Причина? Војната и санкциите

Марија Воронцова, ќерката на Путин се разведува од сопругот и го напушта сонот да отвори клиника за милионери. Марија има 36 години и родена е од првиот брак на „царот“ со Људмила Путина.

Марија Воронцова е првата ќерка на Владимир Путин. Родена 1985 година – кога актуелниот руски претседател беше шпион на КГБ – по професија е докторка, детски ендокринолог, а се занимава и со генетски болести кај децата.

фото јутјуб

Таа веќе неколку години е во брак со холандскиот претприемач Јорит Фасен, со кого живее екстра луксузен живот меѓу Амстердам и Москва. Но, се беше како во сон до избувнувањето на војната во Украина.

Според Сергеј Канев, руски истражувачки новинар во егзил, Марија Воронцова и Јорит Фасен се пред развод. Врската заврши токму поради конфликтот на украинско тло и со западните санкции против Русија. Но, не беше уништен само бракот, туку и амбициозниот проект на парот: да се отвори луксузна клиника за странски милионери во Москва.

„Планот беше да се привлечат пациенти од Европа и богати шеици од земјите од Персискиот Залив. И сега, по нападот на Украина, какви Европејци и шеици ќе дојдат?“, напиша рускиот новинар на социјалните мрежи.

Сепак, не е јасно дали разделбата меѓу двајцата се случила пред или по избувнувањето на војната.

Која е Марија Воронцова?

Првата ќерка на Путин се вика Марија Владимировна Путина, но позната е и како Марија Фасен и Марија Вонцова (презимето на бабата). Таа има 36 години и е родена од првиот брак на „царот“ со Људмила Путина.

Детството го поминал во Источна Германија, а младоста во Москва. По првата диплома по биологија на Државниот универзитет во Санкт Петербург, Марија Воронцова дипломирала медицина во Москва, станувајќи детски ендокринолог. Таа моментално се смета за една од водечките руски експерти за ретки детски генетски болести.

Koja e АЛИНА КАБАЕВА, тајната жена на ПУТИН: Од гимнастичарка до политичарка, со „царот“ има четири деца?!

Слични објави

(Фото) Дарко Лазиќ е на Хиландар со сопругот на поранешната сопруга: Пејачот тагува за својот брат, а спасот го најде тука

Еспресо

(Фото) Од Тоскана право во Задар! Шиме ја пречека својата Маја Шупут како вистински џентлмен

Еспресо

Мили призна дека имал пороци во младоста: „Пушев марихуана, но музиката ми е најсилна дрога“

Еспресо

Емотивна објава на синот на Халид Бешлиќ по победата на босанската репрезентација: „По смртта на тато, ова ми е прва радост, тој ќе беше горд на вас“

Еспресо

Полната Месечина на 2 април носи пресврт – што го очекува вашиот хороскопски знак?

Т.Ц.

Кои емотикони никако не треба да се користат при допишување?

Т.Ц.
Се вчитува....