10:21 - 7 ноември, 2026

Ќерката на Гоца Тржан студира еден од најтешките факултети, пејачката откри дека имала тежок избор

Ќерката на Гоца Тржан, Лена Тржан, се посвети на образованието и се запиша на тежок факултет по тешката одлука што ја донела.

Како што откри Гоца, Лена размислувала помеѓу два факултета, а одлуката паднала на психологијата.

Гоца зборуваше и за својата ќерка Лена, која започна ново поглавје во својот живот.

– Таа живее со тоа целиот свој живот, тоа ѝ е дел од растењето, јас не сум Гоца Тржан за неа, сепак, нејзе сум ѝ само мајка. Таа има 19 години, бруцошка е, запиша психологија, така што ѝ посакувам многу среќа со тоа. Имаше желба да студира и продукција на ФДУ, меѓутоа, победи нејзината луда мајка која треба да се лекува, преовлада, така што се запиша на психологија – откри пејачката.

На прашањето дали е подготвена нејзината ќерка еден ден да ја анализира од гледна точка на психолог, пејачката одговори со насмевка:

– Јас имам дијагноза одамна. Важно е таа да има свои интереси и да се оствари како што таа сака – изјави пејачката за „Гранд“.

Ќерката на пејачката Гота Тржан, Лена Тржан, неодамна одлучи официјално да го избрише презимето на својот биолошки татко Иван Маринковиќ и да го земе презимето на нејзината мајка.

Како што откри, промената на презимето не е изненадување за нејзините најблиски, но самата пејачка Гоца Тржан не го знаеше точниот момент кога Лена го спроведе тоа и во дело.

 

 

Слични објави

(Фото) Драган Бјелогрлиќ ужива во скопската боемска атмосфера — во друштво на Петре Арсовски и Дејан Дуковски

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.

Хороскоп за 7 ноември: Девиците ќе добијат пофалба што ќе им го разубави денот, Скорпиите ќе ја послушаат интуицијата

Еспресо

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.
Се вчитува....