6.8 C
Скопје
04:12 - 21 февруари, 2026

Ќе ве изненади: Соседите на Милош Биковиќ открија каков е тој навистина

Милош Биковиќ е еден од најпопуларните актери на денешницата, а мислењата за него се тотално поделени. Некои велат дека е вообразен, додека други го тврдат сосема спротивното. Поради ова, соседите на актерот пред неколку месеци решија да ја откријат вистината за актерот, пренесе „Свет“.

„Сѐ почесто го гледаме, мислам дека сега е повеќе во Белград отколку во Русија. Луѓето често ме прашуваат што ми се допаѓа кај него бидејќи изгледа како главата да му е во ѕвездите, па им велам дека Милош е многу приземен и љубезен тип, тој воопшто не е вообразен“, открила сосетка.

Истата госпоѓа продолжи суперлативно да зборува за актерот.

„Многу ми се допаѓа, секогаш се радувам кога ќе го сретнам, а и тој ме прави среќна. Секогаш застанува да зборува, и секогаш е насмеан, им одговара на сите. Никој од нас во соседството немал лошо искуство со него“, рече таа.

Соседите на Милош Биковиќ се воодушевени од актерот

Скоро сите ги виделе неговите дела, а се обидуваат да дознаат некој детал кој не им е познат на медиумите.

„Сите го гледавме ‘Јужен ветер’, а ги гледаме и неговите други дела. Не се заморува да ни кажува анегдоти од снимањето. Тој е навистина одличен лик“, рекол еден постар господин.

Како и секој друг маж, Милош шета низ градот, оди до продавница и пие кафе во локалното кафуле, каде што целиот персонал го обожава.

„Милош е голем господин. Доаѓа во нашето кафуле и е многу љубезен“ накратко рекол келнерот кој го послужува, а менаџерот на кафулето Срѓан ја искористил приликата да го пофали еден од омилените гости на ова место.

„Актерот Милош Биковиќ е одличен лик, секогаш нѐ поздравува и седнува со нас на пијачка. Овде доаѓа и деловно, некогаш со партнери, некогаш се фотографира во нашата кафеана. Секогаш остава бакшиш и е одличен господин. За него имам само пофални зборови“, рече Срѓан.

Слични објави

(Фото) Маја Шупут и Шиме не ги тргаат рацете еден од друг: Разменуваа нежности и на летот до новата дестинација

Еспресо

Марко Гачиќ откри како изгледаат прославите кај Брена и Боба: Се качуваат по маси

Еспресо

Ела Дворник објави ретки фотографии со ќеркичката, имаат голема причина за славење

Еспресо

(Видео) Северина му го честиташе 14. роденден на синот: Минав низ бури само за да те прегрнам

Еспресо

Наташа Беквалац конечно проговори за Мина и Каспер! Еве што вели за тоа дека сакал да се ожени со неа…

Еспресо

(Фото) Девојката со крилја е бремена, го очекува второто дете! 

Еспресо
Се вчитува....