5.8 C
Скопје
00:51 - 1 април, 2026

ЌЕ СЕ ПОВЛЕЧЕ НА „МНОГУ МЕСЕЦИ“: Федерер оди на нова операција на коленото

40 годишниот тенисер Роџер Федерер треба повторно да го оперира десното колено и нема да биде активен на тенискиот терен, како што вели, „многу месеци“, но сепак, не мисли целосно да се повлече. 

Роџер Федерер треба повторно да го оперира десното колено и ќе отсуствува „неколку месеци“. Тој самиот ја објави оваа вест со видео постирано на Инстаграм во кое објаснува, обраќајќи им се на своите фанови, дека повредата здобиена по Вимблдон е посериозна од очекуваното.

„Сакам да ве известам за она што се случува. Не беше лесно – вели тој -, имав неколку докторски посети и медицински консултации за моето колено и ова не е начин да продолжам понатаму. Ми треба уште една операција и решивме да го направам тоа“.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Roger Federer (@rogerfederer)

Ќе бидам надвор од тенисот неколку месеци, додава Федерер, ќе биде многу тешко, но сакам да се чувствувам добро и да си дадам мала надеж дека ќе ѝ се вратам на играта. Јас сум реалист, знам што значи уште една операција на моја возраст – вели Федерер -, но навистина сакам да се чувствувам добро и да продолжам да бидам активен. Ви благодарам на сите пораки што ми ги испративте, ви посакувам сè најдобро“.

 

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....