8.8 C
Скопје
00:27 - 11 април, 2026

Ќе останете запрепастени кога ќе видите колку пари зема „Карпата“ за една објава на Инстаграм! (ФОТО)

Холивудската ѕвезда Двејн Џонсон – „Карпата“ е најскапо платениот Инстаграм „инфлуенсер“, според податоците на британската компанија за маркетинг на социјалните мрежи – Хопер ејч-кју.

За една спонзорирана објава, американскиот глумец добивал и над милион долари. Со тоа тој ја надмина и најмладата милијардерка во светот – Кајли Џенер, чиишто тарифи достигнуваат околу 986.000 долари за објава.

Следни во списокот најплатени „инфлуенсери“ се фудбалерот Кристијано Роналдо, супермоделката Ким Кардашијан, пејачката Аријана Гранде, Селена Гомез, Бијонсе, Џастин Бибер и Тејлор Свифт, како и фудбалерот Нејмар.

Листата е создадена по разговори со славните личности, како и со компаниите. За одредувањето на цените се користат јавно достапни информации.

Меѓу спонзорите на „Карпата“ се технолошкиот гигант Епл, производителот на спортска опрема Андер Армор и норвешкиот бренд за пакувана вода – Вос, каде што глумецот има свој удел.

Слични објави

„Разводот ѝ стои одлично!“ – Никол Кидман изгледа сензационално

Т.Ц.

Џејла Рамовиќ ја објави новата песна „1004“

E.A.

НАСА: Екипажот на Артемис 2 си ја заврши работата, сега следува најризичната фаза

Т.Ц.

„Немој да бидеш кретен!“ – бруталниот совет на Киану Ривс стана лекција за Холивуд

Т.Ц.

Неодоливиот Словенец го замени фудбалскиот терен со реално шоу и стана миленик на публиката

Т.Ц.

Сите зборуваа за нивната свадба – овој познат хирург е поранешниот маж на Мира Шкориќ

E.A.
Се вчитува....