5.8 C
Скопје
00:50 - 1 април, 2026

Карлеуша им се обрати на мажите со брутална порака: „Тој што не ја почитува мајката на своите деца е тажен бедник“

Јелена Карлеуша е позната како личност која има свое мислење за многу теми, па сега на својот Инстаграм го објави својот став и го искажа своето мислење за односот помеѓу мажите и жените, а на сите родители им испрати порака како треба да ги подигнат своите децата, но и дека жените мора да се почитуваат!

– По тоа како се однесува мажот кон жената која ги родила неговите деца, можеме да видиме каков маж е тој. Тој што не ја почитува мајката на своите деца е тажен бедник – напиша пејачката.

– Научете ги вашите синови да ги почитуваат сите жени, но најмногу својата, научете ги да ги почитуваат своите мајки. Затоа што таа што крварела, се борела, се одрекувала, поминала низ болка и страдање, воспитувала и хранела, за секој маж треба да биде божество на кое му се поклонува.

Научете ги дека никогаш не треба да и се каже грд збор на ниту една жена. Ниту во расправија ниту во гнев. Вистинските мажи никогаш не навредуваат жена.

Научете ги дека треба да се крене рака на жена само ако таа рака сака да помогне, да прегрне, да подаде и да погали. Кој ќе удри жена, се поразил самиот себеси.

Оваа планета пропаѓа поради тажните и несакани жени, она што ќе не спаси како вид е љубовта и почитта кон жената – истакна Карлеуша во отвореното писмо.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо

„Ален немаше што да јаде кога Бреговиќ го избрка“: Мили ја откри вистината…

Еспресо
Се вчитува....