23:14 - 2 април, 2026

Јелена Јанковиќ бремена, таткото на нејзиното дете е угледен доктор, а за нивното запознавање е „виновен“ Новак Ѓоковиќ

Една од најдобрите српски спортистки е бремена и наскоро ќе роди девојче…

Поранешната српска тенисерка Јелена Јанковиќ (35) и нејзиниот партнер, докторот Бранко Бараќ, ќе станат родители, пренесува српски Курир.

За приватниот живот на Јелена малку е познато, а за тоа е и самата заслужна бидејќи секогаш се трудела што помалку детали од нејзиниот живот да излезат во јавноста. До неодамна Јелена успешно го криеше и емотивниот живот, но сепак, медиумите пред неколку месеци дознаа дека таа има нов партнер, угледниот доктор од Белград, Бранко Бараќ.

Како што наведуваа локалните медиуми тогаш, таа и докторот се запознале по тенискиот турнир одржан во јуни во Белград. Кога Новак Ѓоковиќ дознал дека е позитивен на коронавирусот, Јелена која била во контакт со него, морала да се тестира.

Фото: Профимедиа

Тогаш во една приватна белградска клиника, каде заминала на преглед, го запознала докторот Бранко, и буквално како на филм, веднаш се родиле симпатии помеѓу нив.

Додека се лекувала од Ковид-19, Јанковиќ останала во контакт со докторот, па така тие набрзо започнале да излегуваат.

Нивната врска одлично се развила, а како што потврди изворот, кој откри за српскиот Курир дека Јелена е бремена, тој не е сигурен дали бебето било планирано во пандемијата или било сосема случајно, но вели дека и двајцата се пресреќни што ќе станат родители.

Се уште не е познато дали парот ќе се венча, поради пандемијата на коронавирусот која на сите им ги поремети плановите.

Слични објави

(Фото) „Твојот брат се моли да најдеш мир“: Дарко Лазиќ се огласи со емотивна објава за покојниот Драган од Хиландар

Еспресо

(Видео) Се појави снимка од Јаков Јозиновиќ на журка во Белград: Познатиот Србин го снимил како се забавува, погледнете со кого бил

Еспресо

„Ја слушаме неговата песна секој ден и палиме свеќа“: Десингерица искрено проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Теа Таировиќ искрено: „Најголемата заблуда е дека сум арогантна“

К.С.

Познатата српска пејачка го фатила сопругот во кревет со друга – „Тоа никогаш нема да го заборавам“

E.A.

Снежана Ѓуришиќ не крие колку е повредена – „Ме разочара продукцијата, ова е срамно“

E.A.
Се вчитува....