21.8 C
Скопје
16:28 - 24 април, 2024

Интервју со младата пејачка Олгица Шапковска: Не е важен изгледот, важно е чувството кое го изразувам преку песната!

Младата пејачка Олгица Шапкоска беше вистинско освежување на овогодинешното 35. издание на реномираниот музички фестивал „Макфест“, кој традицонално се одржа во Штип. Олгица на фестивалот настапи со композицијата „Срце во карантин“, дело на Кире Костов и Миодраг Врчаковски.

Со младата пејачка поразговаравме за нејзините впечатоци од фестивалот, за нејзините идни планови и слично…

Е: Поминаа неколку недели од твојот настап на фестивалот „Макфест“. Какви се твоите импресии, со оглед на тоа дека тоа беше твое прво јавно преставување на голема сцена?

– Ова важи за секој музичар… Мислам дека нема поубаво чувсто од тоа да се настапува на голема и добра сцена. Тоа беше мој прв настап од таков карактер и сум многу задоволна, си поминав одлично.

Е: Твојот настап помина одлично, многумина ја пофалија твојата песна, но и твојот изглед. Ти годат коментарите дека беше една од позгодните пејачки на фестивалот?

– Па да, коментарите беа доста позитивни, но безразлика на мојот надворешен изглед, најважно е чувството што го изразувам преку самата песна. Публиката реагираше задоволувачки и многу ми е драго за тоа.

Е:  Кој е тимот кој работеше на твојата песна?

– Аранзманот и музиката се дело на нашиот познат и ценет композитор Кире Костов, а текстот го пишуваше Миодраг Врчаковски.

E: Што е следно после „Макфест“, веруваме дека нема да застанеш тука…

– Следно сакам да одам на фестивали надвор од нашата држава, но во зависност од моментот кој ни налага односно ситуацијата со вирусот.

Е: Која е Олгица приватно, со што се занимаваш покрај пеењето?

– Покрај пеењето имам доста други активности кои се дел од моето секојдневие. Во тек сум со студиите, работам и се осамостојувам. Тие што ми се блиски, знаат дека сум личност што сака да врви доста време сама со себе. Исто така читам старогрчка литература, некои дела од најголемите духовни учители односно да копам во спиритуалната историја на човекот, бидејки сум доста љубопитна во полето на духовноста.

Е: Ја следиш ли македонската естрада? Ако можеш да избереш, чија кариера би сакала да биде твоја?

– Не сум целосно во тек, но секако ја следам… Не би избирала ничија кариера. Секој од нас е индивидуа и треба да даде свој печат, енергија, посебност преку тоа што се изразува.

Е: Што би променила на македонската сцена ако имаш таква моќ?

– Немам одговор.

Е:  Со кого би сакала да снимиш дует ?

– Немам одговор.

E: Како си ја замислуваш твојата кариера, каде се гледаш за 10 години од сега?

– Како секојдневно еволуираме на секој можен начин, така и се менува нашот начин на размислување, ги гледаме од поразлична перспектива, така да во моментот немам конкретен одговор.

E: Кога ќе ја слушнеме следната твоја песна?

– Се надевам за скоро време…

Слични објави

Октриени детали за смртта на водителката Бојана Јанковиќ: Познатиот глумец со потресни зборови

еспресо

Јована Јеремиќ со бизарна изјава: И мртва планирам да доминирам, ќе бидам култна како Мерилин Монро

Еспресо

(Фото) Сопругата на Дарко Лазиќ по веста за бременоста објави слика во хеланки и гол стомак

Еспресо

Инцидент на снимањето на новиот филм на Еди Марфи, повредени неколку членови на екипата

еспресо

Мелина Џиновиќ за своите деца: „Мило ми е што Кан не е како Џина“

еспресо

Еве кој му прави друштво на Никола Роквиќ на патот до Грција: „Поединец не може ништо сам!“

еспресо
Се вчитува....