4.8 C
Скопје
16:44 - 21 февруари, 2026

Илон Маск за прв пат ќе се состане со сопствениците на „Твитер“: Дали ќе си подадат рака?

Илон Маск е дефинитивно лик на моментов. Богат, ексцентричен и визионер, купувањето на „Твитер“ го направи највлијателниот и најважниот човек на планетата; да, повеќе од Џеф Безоз.

Снаодливост и способност за големо размислување: ова е волшебната формула на Илон Маск, визионерскиот претприемач par excellence, толку многу што е инспириција на ликот на Ајрон Мен во 2008 година.

Поминаа околу два месеци откако најбогатиот човек на светот објави дека ја купил социјалната мрежа „Твитер“. Доаѓањето на Маск не им се допадна на некои од сегашните вработени во компанијата кои се прашуваат каква е нивната иднина со новиот сопственик.

Илон Маск во еден момент дури предупреди дека може да се откаже од купувањето на „Твитер“, а како главна причина ги наведе лажните профили на платформата, кои наводно се повеќе отколку што тврдат на „Твитер“.

И сето она што вработените на „Твитер“ сакаа да го прашаат Илон Маск, но не можеа, сега конечно ќе добијат шанса, бидејќи ќе можат од прва рака да слушнат каква е визијата на Маск за иднината на оваа мрежа. Имено, извршниот директор на „Твитер“, Параг Агравал, оваа недела испрати мејл до сите вработени во кој ги информира дека Илон Маск ќе се сретне со нив во четврток и ќе одговара на прашања. Вработените ќе треба порано да ги подготват и да ги достават своите барања.

Така, ова е првпат Маск да разговара со вработените во компанија што има намера да плати 44 милијарди долари, но како што предупредуваат некои аналитичари, постои можност тој да се обиде да ја искористи приказната за лажните профили за да заработи подобра цена за стекнување, особено во сегашната економска клима. Исто така, истакнуваат на „Би-Би-Си“, сè уште постои можност Маск да се откаже од планираната аквизиција, а лажните профили се само изговор.

Инаку, цената на акциите на Твитер на берзата вчера изнесуваше 37 долари, додека Маск понуди 54 долари за преземање.

Слични објави

(Видео) Скандал на сцена! Десингерица донесе живо јагне среде настап, кутрото животно сакало да избега

Еспресо

Јована Јеремиќ забранета во Црна Гора, водителката веднаш се огласи

Еспресо

Мина „се пожали“ од Огњен, но се пофали со свекрвата: Бабата Снешка е столб на семејството по тешкото минато

Еспресо

Хороскоп за 21 февруари: Раковите треба да ги споделат чувствата, Стрелците ќе размислуваат за нови идеи

Еспресо

(Фото) Маја Шупут и Шиме не ги тргаат рацете еден од друг: Разменуваа нежности и на летот до новата дестинација

Еспресо

Марко Гачиќ откри како изгледаат прославите кај Брена и Боба: Се качуваат по маси

Еспресо
Се вчитува....