6.8 C
Скопје
08:19 - 1 април, 2026

(ФОТО) ИЛИНА АРСОВА СЕ ПРОСТИ ОД МАЕСТРО ЏАМБАЗОВ: Ние вака ќе си се памтиме, насмеани и ведри…

Денес на социјалните мрежи омилениот актер и шоумен на многу генерации Игор Џамбазов се прости од својот татко, нашиот маестрален композитор и диригент Александар Џамбазов.

Маестро Џамбазов завршил музичка академија во Белград, а целиот работен век го минал во Македонската радио-телевизија, како диригент на Танцовиот и Ревискиот оркестар.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ilina Arsova (@ilina_arsova)


Има реализирано безброј снимки и концерти во живо. Настапувал во земјава и во странство. Добитник е на над педесетина награди. Се категоризира во четвртата генерација македонски повоени композитори.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ilina Arsova (@ilina_arsova)


Џамбазов е автор е на голем број детски песни. Беше иницијатор и долгогодишен диригент на фестивалот за деца „Златно славејче“ во Скопје. Пишувал сценска музика и филмска музика („Мементо“, за драмите „Мајка“, „Двајца на нишалка“ итн.) и повеќе дела од класичната музика, меѓу кои и „Рапсодија за Скопје“ – за пијано и оркестар (1966), „Седум танцови варијации“ – за пијано и оркестар (1977) и др. Компонирал и хорски композиции, како и голем број популарни мелодии.

По Игор и неговата сестра Тања, се огласи и Илина Арсова која на својот инстаграм – профил објави фотографија од првата средба со маестро Џамбазов.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ilina Arsova (@ilina_arsova)

„Ние вака ќе си се памтиме, насмеани и ведри, а Маестро секогаш спремен со неисцрпна колекција на анегдоти и вицови. Вечна ти слава, еден и единствен Маестро Џамбазов“.

Слични објави

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо
Се вчитува....