11.8 C
Скопје
15:46 - 30 март, 2026

Хрватите бесни по изјавата на Стоја: „Истра не ја доживувам како Хрватска, туку како Италија“

Пејачката Стоја Новаковиќ доби остри критики по изјава што ја даде зборувајќи за својата куќа во Истра. Имено, таа рече дека овој дел од Хрватска го доживува како Италија, што предизвика вистинска бура реакции на социјалните мрежи.

Стоја, која пред три дена слетала на белградскиот аеродром по викенд настап, расположено зборувала за своите имоти и приватниот живот. Но, една реченица ја крена на нозе хрватската јавност.

„Одмарам со животни, со цвеќиња, таму го имам мојот мир. Често ми доаѓаат колешки и одиме во Истра, во мојата куќа. Истра не ја доживувам како Хрватска, туку како Италија. Како да не е Хрватска. Таму има многу луѓе што не знаат хрватски да зборуваат“, изјави Стоја.

По изјавата, коментарите почнаа да се редат еден по друг. На хрватските мрежи се појавија остри реакции како:

  • „Забранете ѝ влез!“
  • „Мислиш, кога не е дел од Србија, нека биде Италија?“
  • „Дали знаеш што изговори?“
  • „Госпоѓо, итно на час по историја.“
  • „Многу глупава и неточна изјава, очигледно бара проблеми.“

Инаку, Стоја често вели дека најмногу ужива во својот дом во Перлез, каде што има големо имање, базен, палми и двор кој личи на тропска оаза. Според комшиите, не постои поубава куќа од нејзината во целиот крај.

Слични објави

Ова е вонбрачниот син на Маринко Роквиќ кој живее далеку од Србија: Го откри вистинското лице вдовицата Славица

E.A.

(ВИДЕО) „Дали е дрогиран, целиот се искриви?“: Жељко Шашиќ направи хаос на аеродром па ги „нападна“ новинарите

E.A.

(Фото) Уна Чолиќ ужива на зимување со десет години постариот партнер

Еспресо

(Видео) Северина и Нина Бадриќ заедно ја испејаа најтажната песна на роденден

msp-admin

(Видео) Елена Велевска: Го спасив семејството од сиромаштија

msp-admin

(Фото) Растеше скромно, со една плата: Ова се родителите на Здравко Чолиќ

Еспресо
Се вчитува....