6.8 C
Скопје
22:17 - 20 март, 2026

Хју Грант за борбата со коронавирусот: Ја пикнав главата во корпата за отпадоци за да почувствувам нешто!

Англискиот актер Хју Грант (60) беше заразен со коронавирусот во првиот квартал од оваа година, а сега реши да раскаже како се чувствувал во тој момент.

Имено, актерот беше позитивен на почетокот на пандемијата, а сподели со јавноста кои симптоми ги имал.

Некои од симптомите кои ги чувствувал биле невообичаени, додека другите беа наведувани од лекарите.

Instagram
Instagram

Првиот симптом што го забележал, било прекумерно потење, па додаде:

Наскоро после тоа, се чувствував како очите да ми се три броја поголеми. Подоцна, почнав да дишам тешко, како да седи голем човек на моите гради, рече актерот.

Потоа го изгубил сетилото за мирис, што било многу чудно искуство за него:

Го помирисував секој цвет, ја пикнав главата во корпа за отпадоци … Сакав да го помирисам секој странец што ќе помине покрај мене. Кога се вратив дома тој ден, го испрскав парфемот на сопругата по лицето и не почувствував ништо, додаде тој.

Фото: Инстаграм

Неговата сопруга, Ана Еберстејн исто така се разболе од коронавирусот и таа ги имаше скоро истите симптоми како и нејзиниот сопруг. За среќа, двојката успешно се опорави, а минатиот месец беа на одмор во Венеција.

Да потсетиме, славната двојка се венча во 2018 година, а тие се заедно веќе неколку години. Хју и Ана имаат три деца заедно и тие се многу среќно семејство.

Слични објави

Се огласи адвокатот на Даниел Кајмакоски за киднапирањето: „Претпоставувам дека можеби станува збор за луѓе…“

Еспресо

Марија Шерифовиќ објави албум со детски песни, една му посвети на синот Марио

Еспресо

Марија Шерифовиќ призна дека нејзиниот син е толку залепен за неа, што не може да оди ниту во тоалет

Еспресо

(Видео) Последната објава на Чак Норис од пред само 10 дена: „Само преминувам на повисоко ниво“

Еспресо

Чак Норис зад себе остави пет деца, два брака и живот поголем од филмскиот мит, а од глумата се повлече за да ѝ се посвети на болната сопруга

Еспресо

Почина Чак Норис, легендарниот мајстор на боречките вештини

Еспресо
Се вчитува....