3.8 C
Скопје
22:57 - 10 март, 2026

Хит серијата „Круна“ им го наруши мирот – Принцот Чарлс и Камила повторно нападнати од јавноста

Profimedia

Последната сезона на хит серијата „Круна“ предизвика негативна кампања против принцот Чарлс и неговата сопруга, Камила, војвотката од Корнвол, а причината е нормално, тоа што во серијата се прикажани во негативно светло.

На тоа предупредуваа многу познавачи на тоа што се случува во кралското семејство бидејќи Камила поради медиумските написи уште на почетокот беше неагитивката поради љубовта на јавноста кон Дијана, за потоа после толку години тешко, но успешно да се ослободи од негативниот имиџ, а сријата повторно ја врати на самиот почеток.

Имено, во четвртата сезона се појавува Дијана Спенсер и серијата, меѓу останатото, го следи и нејзиниот пат до титулата принцеза од Велс.

Публиката дозна и нешто комплексно за односот на Чарлс, а како што досега е познато тој не само што не сакал брак со Дијана туку бил и критичен, а некои ќе кажат и љубоморен, на нејзината глобална популарност.

Очекувано, фановите започнаа да ги исмеваат Чарлс и Камила кои својата долгогодишна врска која започнала дури пред бракот на Чарлс со Дијана, со брак ја крунисаа во 2005-та година.

Фото: Профимедиа

„Јасно ми е дека тоа било одамна, но ми пречи што Камила и Чарлс кои биле во брак ги изневерувале своите партнери, а денес ги слават како идни крал и кралица“, напиша еден од бројните лути фанови.

Нормално се појавија и оние кои застанаа на страната на Камила бидејќи сметаат дека Чарлс бил принуден на бракот со Дијана која, да не би дошло до забуни, не му останала должна на својот тогашен сопруг кој го изневерила.

Да се потсетиме, серијата не е многу омилена меѓу припадниците на кралското семејство, но ниту меѓу оние кои се подобро запознаени со случувањата во дворецот.

Слични објави

Јована Јеремиќ ослабе 6 килограми, па ја откри тајната: „Едно нешто е забрането“

Еспресо

(Фото) Разгледница од семејството Ражнатовиќ од Русија: Вељко позираше со Богданa и нивните три синови

Еспресо

10 митови за алергиите на полен: Помага ли медот, престојот на море, заклучувањето дома…?

Еспресо

Што се случува во мозокот на оние кои не можат да ја преболат загубата на саканата личност

Еспресо

Поднесена кривична пријава против човекот што донесе јагне на настапот на Десингерица: Обвинет е за злоставување животни

Еспресо

(Фото) Видно ослабена: Голема промена кај пејачката Наде Талевска

Еспресо
Се вчитува....