17:22 - 31 октомври, 2026

Хелена Роза се прости од Зоки Фаци: „Премногу ќе ми фалиш, Зочко мој!“

Поранешната водителка Хелена Роза се прости од естрадниот новинар Зоран Василевски – Зоки Фаци, кој почина утрово на 52-годишна возраст.

Тие беа многу добри пријатели уште од времето кога заедно работеа во телевизија А1. Иако водителката речиси десет години живее во Нов Зеланд, тие успешно го одржуваа нивното пријателство на далечина.

Сега водителката објави компилациско видео со најубавите моменти од нивите дружби и напиша срцепарателна порака за својот драг пријател.

„И додека сега таму во Македонија ќе те испраќаат во твоето Катланово, јас сум тука, далеку физички од тебе. Но, ти знаеше дека иако далеку, бев до тебе и со тебе секој миг.

Не можам да поверувам дека те нема повеќе на овој земјен свет. Дека нема веќе кој да ми вика Цууц, Деспино и да се смееме без причина.

Многу, премногу ќе ми фалиш Зочко мој. Што и да напишам и раскажам ќе биде премалку за сите овие години поминати со тебе.

Почивај во мир. Те сака твојата најдобра другарка Хеленка“, напиша Роза на својот инстаграм-профил.

Слични објави

Балкански музички ѕвезди кои трагично ги загубија животите во сообраќајни несреќи

Е.А.

Сестрата на Тоше Проески, Дора, сподели емотивно видео од Тоше со татко му Никола

Еспресо

Како да исчистите калинка без да направите неред во кујната? Едноставен трик со вода што навистина функционира

К.С.

За Ноќта на вештерките — балкански хорор-филмови што ќе ве натераат да спиете со запалено светло

К.С.

Пејачката Мијата прослави 19 години љубов со сопругот: Романтика на плажа со песна од Селин Дион

Еспресо

Улогата на Снежана Савиќ во „Подобар живот“ требало да ја добие оваа пејачка!

Еспресо
Се вчитува....