17:50 - 5 декември, 2025

ГРАШО И ХАНА ЌЕ ПРАВАТ ДВЕ СВАДБИ, ГОЛЕМА ВЕСЕЛБА СО 500 ГОСТИ: Се знае која е старосватицата и каква венчаница ќе носи ќерката на Тончи Хуљиќ

Откако беше објавено дека Петар Грашо (45) и Хана Хуљиќ (31) чекаат заедничко дете и планираат свадба, интересот за детали за двата најважни настани во нивниот живот продолжува. Какво име избраа за своето дете, каква венчавка ќе прават, кому прво кажаа за бременоста на Хана… се само дел од прашањата што ги поставија многу фанови на славниот пар откако се дозна дека нивната љубовна приказна добила ново продолжение.

Парот планира дури две прослави на нивната љубов, една интимна и една за голем круг на пријатели кои ќе се одржат кон крајот на летото, откако Хана ќе се породи.

Брачните завети ќе се дадат на 19 февруари во Сплит во црква, а чинот ќе се слави само со најблиското семејство: родителите Тончи и Вјекослава Хуљиќ, Зоран и Снежана Грашо, братот на Хана – Иван, сестрата на Петар Буга и мајката на Вјекослава и две братучетки.

На црковната венчавка Хана ќе облече права венчаница од сплитските дизајнери Марија и Јурица Пириќ, кои ѝ ги правеа фустаните за сите други важни моменти во животот, како што е матурската вечер, но и за нејзините настапи. Знаејќи ја работата на модното дуо зад брендот Arileo, како и стилот на Хана, може да се претпостави дека нејзината венчаница ќе биде во ретро стил и со едноставен и женствен крој.

Старосватица на Хана треба да ѝ биде пејачката Доменика Жувела која и самата навести такво нешто.

Хана се уште не одлучила каква креација ќе носи на втората свадбена прослава, но познато е дека ова ќе биде една од најголемите забави. Идните младенци наводно планираат да ги поканат сите свои пријатели и соработници, па се споменува бројка од дури 500 луѓе!

Хана и Грашо се уште немаат одредено датум за прославата, но најверојатно тоа ќе биде на крајот на летото, односно на почетокот на есента, кога треба да се роди нивното дете.

Иако Хана и официјално потврди дека е бремена, таа и Грашо засега молчат за сите други детали поврзани со бременоста. Идната мајка е бремена во третиот месец, а тоа прво им го признала на своите најблиски пријателки, а секако и на двете семејства. А колку таа и Петар се среќни поради тоа најдобро говори податокот дека радосната вест им ја соопштиле на своите родители на самиот Божиќ, кој годинава двете семејства го прославија заедно.

Слични објави

„Беше прашање на живот или смрт“: На таткото на Меган Маркл му ја ампутирале ногата!

Еспресо

Нови детали од разводот: Ана Ивановиќ и Бастијан не сакаат да се сретнат по никоја цена!

Еспресо

Халид Муслимовиќ пред самиот концерт завршил на инфузија! Еве што му се случило…

Еспресо

Саша Ковачевиќ ја разоткри Емина Јаховиќ! Ваков лут поради нејзината лага досега не сте го виделе!

Еспресо

(Фото) Димитар и Маја како деца останаа без татко во Битола, ова жена ги одгледа: Денеска на посебен начин ѝ заблагодарија

Еспресо

(Видео) И небото „заплака“: Познатиот музичар ја отсвири најтажната балада на гробот на Џеј Рамадановски на дожд

Еспресо
Се вчитува....