03:22 - 8 ноември, 2026

Господарката на кристалните чевли: Која е Амина Муади и дали ќе биде причина за раскинување на врската на Ријана и Асап Роки?

Денеска низ медиумите експлозивно се прошири веста дека Ријана наводно раскинала со раперот Асап Роки, таткото на нејзиното неродено дете, откако наводно го фатила како ја изневерува со нејзината дизајнерка на чевли Амина Муади, која работи за Ријана, поточно за потребите на модниот бренд на пејачката – Фенди.

Но која е всушност Амина Муади?

Ја нарекуваат господарка на кристалните чевли, има полуроманско и полујорданско потекло, а пораснала во Италија. Сакала да се занимава со мода уште од мала, а кариерата ја започнала како стилист во модни списанија во Италија. Во тоа време таа веќе почнала да се појавува на модните недели и да ги запознава вистинските луѓе.

Кога сфатила дека сето тоа не ја исполнува доволно, решила да го научи занаетот за изработка на чевли во околината на Венеција и по една година пракса, со пријател го основала брендот за чевли Oscar Tiye за да се повлече од оваа компанија пред да го основа сопствениот бренд. Во меѓувреме, почнала да работи на првите чевли за Vauthier.

Вистинскиот дизајнерски статус го достигнала дури кога го основала „Амина Муади“, бренд за кој вели дека е „100% мој и 100% јас“. На тој начин таа се приклучи на група инфлуенсери кои сопствениот лик го претворија во модни брендови кои живеат успешно.

Таа го претстави брендот за прв пат преку својот Инстаграм и ја распродаде комплетната колекција за 24 часа.

Амине Муади успеала да ги продаде своите чевли во рекордно време во екот на пандемијата, и покрај тоа што цените се движеа од 500 до повеќе од 1.000 долари

Муади успешно комуницира со нејзината заедница на Инстаграм од речиси половина милион следбеници, нудејќи им содржини што сакаат да ги следат. Таа е поддржана и од познати личности како Дуа Липа, Џиџи Хадид и секако Ријана, со која работи на брендот Фенти.

 

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....