12:23 - 2 април, 2026

ГОЛЕМА ТРАГЕДИЈА | Почина актерот од Тарзан, Џо Лара: Во авионската несреќа настрадала и неговата сопруга

58-годишнот актер Џо Лара познат по својата улога на Тарзан, и неговата 66-годишна сопруга, загинале во авионската несреќа во близина на американскиот град Нешвил.

Малиот бизнис џет авион се срушил во саботата околу 11:00 часот по локално време, непосредно по полетувањето од Смирна, аеродромот во Тенеси за Палм Бич, Флорида, пренесуваат странските медиуми. Авионот се спуштил во езерото Перси Прист, на околу 19 километри јужно од Нешвил.

Федералната управа за авијација потврди дека во авионот се наоѓале седум лица, објави „Си-Ен-Ен“.

Лара го играше Тарзан во телевизискиот филм „Tarzan in Manhattan“ во 1989 година. Подоцна глумеше во телевизиската серија „Tarzan: The Epic Adventures“, која траеше од 1996-1997 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Barry King (@barrykingla)

Неговата сопруга Гвен Шамблин Лара, со која беше во брак од 2018 година, беше водач на група за слабеење наречена „Weigh Down Ministries“. Таа ја основала групата во 1986 година, а потоа во 1999 година ја основала црквата „Remnant Fellowship“ во Брентвуд, Тенеси.

Слични објави

(Фото) Ленче Кукиќ и Виолета Томовска со емотивна слика од која зрачи љубов

Еспресо

Јаков Јозиновиќ го прекина концертот во Белград, во публиката молк

Еспресо

(Видео) Емотивна семејна приказна – Огнен Здравковски откри по што жали

Еспресо

Весна Џогани со денови плачела во дом за деца без родители – ова е нејзината најболна исповед досега

E.A.

(Видео) Драма на снимање – Атанас Атанасовски раскажа неверојатна случка

Еспресо

Хороскоп за 2 април: Овните ќе бидат вознемирени, Лавовите ќе избегнуваат конфликти

Еспресо
Се вчитува....