02:39 - 26 февруари, 2026

ГОЛЕМА РАДОСТ: Принцезата Беатрис стана мајка!

принцеза беатрис

Внуката на кралицата Елизабета, принцеза Беатрис и нејзиниот сопруг Едуардо Мапели Моци станаа родители во саботата, објави Бакингемската палата.

33-годишната внука на кралицата роди девојче тешко 2,8 килограми во лондонската болница Челзи и Вестминстер, се претпоставува во Кенсингтонското крило.
Бебето, чие име сè уште не е откриено, е второто внуче на принцот Ендру и Сара Фергусрон, а 12-то правнуче на кралицата Елизабета.

Новородената ќерка на Беатрис е 11-та по ред за престолот, а иако е родум дете на принцеза нема да носи кралска титула, која автоматски ја добиваат само внуците на владетелот по машка линија.

Кралицата би можела да додели кралска титула, но родителите веројатно нема да ја бараат. Принцезата Беатрис на својот службен твитер-профил објави дека е воодушевена што може да ја сподели веста безбедното пристигнување на свет на нивната ќерка, заблагодарувајќи се на тимот во болницата за извонредната нега.

 

„Нејзиното Височество принцезата Беатрис и г-дин Едуардо Мапели Моци со задоволство објавуваат дека нивната ќерка се роди безбедно во сабота 18 септември 2021, во 23:42, во болницата Челзи и Вестминстер, Лондон“, се вели во официјалната објава на Кралството.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Princess Eugenie (@princesseugenie)

Во објавата информираат и дека Нејзиното Височество и нејзиното новороденче се обете добро, и новите родители се нетрпеливи да ја претстават нивната ќерка на нејзиниот поголем брат Кристофер Вулф, кој е син на Едуардо Мапели од неговата претходна врска.

Ова е прво дете на принцезата Беатрис, која за првпат стана тетка во февруари кога нејзината сестра принцезата Јуџин роди машко бебе со име Август, а по пристигнувањето на второто дете на Војводата и Војвотката од Сасекс во јуни, Лилибет Лили Дијана Моунтбатен-Виндсор, таа се помести од 9-тото на 10-тото место во редоследот за тронот.

 

Слични објави

Кумот на Милица Тодоровиќ проговори за оженетиот партнер на пејачката: „Колку што знам…“

Еспресо

Оливера Балашевиќ објави: „Ми пристигнува внук, мал капетан на Панонската морнарица“

Еспресо

„Луда е како ѕвоно“: Едита си кажа што мисли за Карлеуша, до пред две години беа луто скарани

Еспресо

„Имав 19 абортуси“: Морничаво признание на српската ријалити ѕвезда Маја Маринковиќ

Е.А.

Даниел Кајмакоски се врати на сцената по киднапирањето: Настапи на српската Песна за Евровизија

Еспресо

(Видео) Осумдесет и тригодишен маж заврши во видеоспот на Тејлор Свифт, без да знае која е таа

Еспресо
Се вчитува....