11:49 - 23 јули, 2026

Го заборавиле Драган Бјелогрлиќ во рудник, се сетиле на него дури кога стигнале во хотелот – хит анегдота од снимањето на „Сенки над Балканот“

Серијата „Сенки над Балканот“ е многу популарна во регионот, а во емисијата „24 минути со Зоран Кесиќ“ неодамна гостуваа Нина Јанковиќ и Горан Богдан, кои со водителот споделија бројни анегдоти од сетот.

Една од највпечатливите приказни се однесуваше на Драган Бјелогрлиќ, автор и еден од клучните луѓе на серијата, за кого низ шега се тврди дека по снимањето сцена во рудник – „бил заборавен“ во рудникот.

„Горане, дали е точно дека Драган Бјелогрлиќ по снимањето во рудникот го заборавиле и се сетиле дури кога стигнале во хотелот?“, праша Зоран Кесиќ.

Горан Богдан со насмевка одговори: „Само ќе кажам дека Бјела сега често го викаме Бетмен. Да, изгледа дека навистина беше така, а тој тоа прилично „кул“ го поднесе тоа кога подоцна снимавме во Опатија. Секоја чест за храброста“, рече актерот, додавајќи низ шега:
„Јас од тогаш не сум го видел, така што веројатно е добро.“
На тоа се надоврза и Кесиќ, познат по духовитите коментари: „Добро е, секогаш носи копач со себе. Има шлем со ламба“, рече водителот низ смеа.

На прашањето за љубовните приказни од сетот, Кесиќ алудираше на гласините дека еден актерски пар се заљубил уште за време на првата сезона од серијата.
„Како што би рекол Бјела – да не бев јас, вие немаше ни да се смувате“, одговори Нина Јанковиќ, завршувајќи го разговорот во ведар тон.
Сите анегдоти дополнително го разгореа интересот на публиката пред емитувањето на новите епизоди, додека екипата на серијата продолжува да открива интересни детали од напорното, но очигледно и многу забавно снимање.

Слични објави

Илчо од „Дупер“: Не сфаќам зошто жените имаат потреба да се сончаат топлес

Еспресо

(Фото) Се породи Едита Арадиновиќ: Пејачката ја доби ќерката Зоја

Еспресо

Во 86-та година од животот почина Наум Бурназ, доајенот на македонската песна,

Т.Ц.

Дневен хороскоп за 23 јули: Бидете внимателни во донесувањето на одлуките

apostolova

(Фото) Душко Тошиќ ја претвори старата семејна куќа во луксузна вила со базен

Еспресо

Семејството Џиновиќ на луксузни дестинации: Ѓина во Шпанија се вози со приватен хеликоптер, Мелина ужива во Монако

Т.Ц.
Се вчитува....