20:23 - 6 ноември, 2026

Ги закопаа секирите — Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ заедно подготвуваат луксузна прослава со 200 гости

Српската пејачка Јелена Карлеуша и нејзиниот поранешен сопруг, фудбалерот Душко Тошиќ, ги здружија силите за еден од најважните денови во животот на нивната постара ќерка Атина. Таа на 7 септември ќе наполни 18 години, а истиот ден нејзината помлада сестра Ника ќе го прослави 17. роденден.

Иако Карлеуша и Тошиќ повеќе не се заедно, за родендените на своите ќерки подготвуваат голема заедничка прослава во еден од најлуксузните белградски хотели.

Според српските медиуми, на списокот се околу 200 гости – членови на семејството, пријатели, соработници, колеги на Карлеуша, како и училишни другари на Атина и Ника.

Ника, Душко и Атина Тошиќ / Фото: Инстаграм/Душко Тошиќ

Главниот дел од организацијата го презела Карлеуша, додека Тошиќ е задолжен за финансиите. Се подготвуваат раскошна сценографија и декорација, а особено внимание е посветено на фустаните што ќе ги носат славеничките и нивната мајка. Станува збор за креации од висока мода, за чија изработка биле потребни многу часови рачна работа.

Посебно внимание е посветено и на храната. Менито ќе чини 150 евра по гостин и ќе вклучува специјалитети од домашната и интернационалната кујна, како и посебни вегетаријански јадења. За гостите ќе има француски шампањ и италијански вина, а се подготвуваат и повеќекатни роденденски торти.

На прославата се очекуваат и бројни познати личности од српската музичка сцена, а за музичкиот дел се погрижил Тошиќ, кој избрал бенд со репертоар од домашни и странски песни.

Ника и Атина Тошиќ со мајка им Јелена Карлеуша / Фото: Инстаграм/Ника Тошиќ

Карлеуша потврди дека двајцата родители се вклучени во подготовките и откри дека нивните ќерки немале посебни барања за прославата.

„Ќе биде многу убаво и бајковито. Убаво е што во целата приказна се и мама и тато. На Душко му останува само да плати“, се пошегува пејачката.

Таа додаде дека Атина и Ника не побарале ништо од родителите и ги опиша како многу скромни. Сепак, според изворите на српските медиуми, Карлеуша и Тошиќ веќе им подготвиле скапоцени роденденски подароци како изненадување.

Слични објави

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.

(Видео) Ацо Пејовиќ откри како го лекува мамурлакот, па призна со кого најмногу сака да пие: „Само Саша Матиќ може да ми парира“

Еспресо

(Видео) Николија првпат проговори за тајната венчавка со Реља: Весна Змијанац не присуствувала на прославата

Еспресо
Се вчитува....