12.8 C
Скопје
18:31 - 17 октомври, 2026

(Фото) Со Јосиф на грб и Лена во кенгур — Ирина Камилоска планинари со двете мали деца

Македонската алпинистка Ирина Камилоска уште еднаш покажа дека љубовта кон планината е неизоставен дел од нејзиното секојдневие, а во авантурите во природа сега редовно друштво ѝ прават и нејзините две деца.

На најновите фотографии што ги сподели на Инстаграм, Камилоска планинари со тригодишниот Јосиф и едногодишната Лена.

Фото: Инстаграм/Ирина Камилоска

Она што особено го привлече вниманието е начинот на кој мајката успева да ги носи и двајцата – Јосиф на грб, а малата Лена во кенгур на предната страна.

„Мајка и мајка природа“, напиша таа во описот на објавата.

Фото: Инстаграм/Ирина Камилоска

Фотографиите предизвикаа бројни позитивни реакции, а следбениците ѝ упатија пофалби за нејзината издржливост, но и за тоа што уште од најрана возраст им ја пренесува љубовта кон природата и планината на своите деца.

„Браво, браво, сè повеќе да сме вакви“, напиша Елена Бубало во коментар под објавата.

Во еден од коментарите Камилоска откри дека носењето товар за време на планинарење за неа не е ништо невообичаено, бидејќи одамна е навикната на вакви предизвици. Овој пат нивната мала семејна авантура траела околу 45 минути, до блиско брдо.

Камилоска и претходно зборувала за желбата мајчинството да не значи откажување од планината. Во интервју за емисијата „Мамавизија“ на „Слободен печат“, таа раскажа дека се искачувала на Водно и за време на двете бремености, дури и во деветтиот месец, а со планинарење продолжила и откако ги родила децата.

Токму од нејзината желба да не планинари сама со бебе произлегла и иницијативата „Мајки на Водно“. Како што раскажа тогаш, на првичниот повик на Инстаграм ѝ се придружиле само две мајки, а подоцна групата пораснала на повеќе од 70 мајки со бебиња кои планинареле заедно.

Во истото интервју, Камилоска откри и дека со сопругот, пејачот Павле Камилоски, имаат желба нивното семејство во иднина да стане побројно. И двајцата потекнуваат од семејства со по три деца, а Ирина раскажа дека отсекогаш посакувала и самата да има три деца.

Слични објави

„Ми ветуваше помош, па одеднаш го прекина контактот“: Пејачка бесна на Харис Џиновиќ ракажа се за нивната комуникација

Е.А.

(Фото) Северина покажа како се опушта пред настап – ужива во костим за капење и очила за сонце како да е лето

Еспресо

Цел живот патиме една по друга: Тамара Тодевска откри емотивна приказна за сестра ѝ Тијана

Еспресо

По долги години во Америка, Александра Пилева навести враќање во Македонија: „Ќе се видиме наскоро“

Еспресо

Марија и Бојан од „Ај кју“ брзо ќе станат родители: Со мојата љубов и нашето бебе

Еспресо

(Фото) Трпезариските маси на Wood room сега се достапни по набавни цени

apostolova
Се вчитува....