13.8 C
Скопје
17:25 - 17 октомври, 2026

Почина големата Ведрана Рудан: „Отиде на подрачје без сигнал“

Хрватската писателка, новинарка и колумнистка Ведрана Рудан почина на 76-годишна возраст, по долга и тешка борба со ракот. Тажната вест за хрватскиот портал „Шоубаз“ ја потврдиле извори блиски до неа.

Утрово на нејзиниот официјален профил беше објавена кратката порака: „Ведрана отиде на подрачје без сигнал“, а насловната фотографија беше заменета со фотографија со натпис „No Signal“ („Нема сигнал“).


Пораката се надоврзува на зборовите што Рудан претходно ги изговори во емисијата „Nedjeljom u dva“, кога отворено зборуваше за болеста и смртта.

„Сакам да кажам дека има многу луѓе кои ме сакаат и дека јас ги сакам нив. И дека сум бесмртна. Нека мојата смрт ја сфатат како одење на подрачје без сигнал“, рече тогаш таа.

Рудан во мај 2024 година јавно соопшти дека боледува од ретка форма на карцином на жолчните канали. За својата борба со болеста зборуваше отворено и директно, во препознатливиот стил што ја следеше во текот на нејзината долгогодишна кариера.

Ведрана Рудан е родена на 29 октомври 1949 година во Опатија. Беше една од најпрепознатливите и најпровокативни авторки во регионот, а нејзините дела се преведени на повеќе јазици, меѓу кои и на македонски.

Слични објави

(Фото) Северина покажа како се опушта пред настап – ужива во костим за капење и очила за сонце како да е лето

Еспресо

Цел живот патиме една по друга: Тамара Тодевска откри емотивна приказна за сестра ѝ Тијана

Еспресо

По долги години во Америка, Александра Пилева навести враќање во Македонија: „Ќе се видиме наскоро“

Еспресо

Марија и Бојан од „Ај кју“ брзо ќе станат родители: Со мојата љубов и нашето бебе

Еспресо

(Фото) Трпезариските маси на Wood room сега се достапни по набавни цени

apostolova

„Почивај во мир, ангелу македонски“: Перо Камиказа откри како Тоше Проески му дошол дома и ги пеел песните на „Меморија“

К.С.
Се вчитува....