13.8 C
Скопје
09:10 - 26 септември, 2026

Песната која две години чекала да стане „Чија си“ – Како Славе Димитров ѝ даде живот на една безвремена љубовна приказна

Човекот гледа жена која живее „под иста стреа“, но не ѝ го знае ниту името и само се прашува:

„Чија си, на кого радост ти му носиш…“

Така започнува приказната во еден од најпознатите македонски евергрини – „Чија си“ на Славе Димитров.

Но приказната за песната е речиси подеднакво интересна како и стиховите. Мелодијата била создадена уште во 1969 година во Битола, а потоа речиси две години стоела во фиока – без наслов и без текст.

Подоцна Димитров му ја отсвирел мелодијата на Благој Стефановски, кој го напишал текстот. Така композицијата конечно го добила обликот под кој ќе стане позната, а во 1971 година стигнала и на фестивалот „Скопје 71“.

Таму песната била изведена во две верзии – едната ја пеел самиот Димитров, а другата Крунослав Кичо Слабинац. Песната така речиси веднаш добила живот во две различни интерпретации.

Во стиховите нема голема љубовна исповед, туку нешто многу посуптилно – поглед од дистанца. Жената е блиска, но сепак недостижна; човекот ја гледа, ја забележува нејзината убавина, но не знае ниту која е. Од едноставното прашање „чија си?“ се раѓа целата љубопитност, копнежот и меланхолијата на песната.

Но „Чија си“ не останала само дел од музичката историја на Славе Димитров. Со текот на годините влегла и во семејната приказна на Димитрови.

Неговиот син, Дарко Димитров, пред неколку години раскажа дека како средношколец бил повикан да ја испее песната на една приредба. Наставничките сакале да го слушнат синот на Славе Димитров како ја пее песната на својот татко. Тој, сепак, не бил воодушевен од идејата да настапи, па поставил услов – ако пее, да му бидат поправени оценките.

На крајот настапил. А тој настан, според неговото сведоштво, бил еден од моментите што го насочиле кон музиката.

„Не сакав да пеам на приредбата, но ме убедија. Потоа им кажав дека ќе пеам, само ако ми ги поправат оценките. Тогаш компонирав песна за сите професори од училиштето и така тргна сè“, се сеќава Димитров.

Слични објави

„Живееме скромно, но тука убаво ме лечат“: Вака зборуваше Димче Мешковски за животот во Америка

Еспресо

Хороскоп за 26 септември: Биковите ќе имаат радосни моменти со блиските, Рибите ќе бидат водени од интуиција

Еспресо

Хана Хуљиќ за Петар Грашо: „Од концерт доаѓа дома во четири-пет наутро само за да биде со нас“

Еспресо

„Првата половина од мојот живот ја поминав…“: Марија Шерифовиќ донесе важна одлука на Бали

Еспресо

(Фото) Новата снаа на Брена се всели во станот на Виктор од 700.000 евра: Александра го покажа неверојатниот луксуз

Еспресо

(Фото) Торта на три спрата, скокалница и декорации – Сека Алексиќ го претвори дворот во игротека за роденденот на синот Јаков

Еспресо
Се вчитува....